Offside

Американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада беше мошне активен и со Џани Инфантино и луѓето од ФИФА постојано состанчеа. Сега ни трага ни глас од него на Мундијалот.

Судија ќе се караме, не пратиш игра

Атлетската контра во која се вклучи Халанд е нешто невидено, ама па и оваа на Курзава не е лоша. Бекот на ПСЖ украде топка, мина еден, па уште еден, се ослободи и од трет, ама на крај да бидеме реални линискиот судија не го пратеше како што треба. А на тацна му ја даде.

Нереален спринт на Халанд кој ќе урнеше светски рекорд

Ова што го прави малиов на 19 години е скроз лудо. Ај што сезонава има вкупно 39 гола на сите натпреварувања и вчера го реши ПСЖ со два комада, туку пазете го ова. Норвежанецот во една контра полета со спринт од 60 метри кои ги истрча за 6,64 секунди.

Норвешкото чудо го потопи ПСЖ, Симеоне и Атлетико го скротија Ливерпул

Во Дортмунд на мечот Борусија - ПСЖ мрежите мируваа до 69' минута па следуваше канонада за 7 минути. Халанд е гол машина, не знае за доста. Саул му донесе 1-0 на Чоло пред „Енфилд“.

Импозантни кореографии во Дортмунд и Мадрид

Навивачите на Борусија Дортмунд на мечот од 1/8 финалето на ЛШ против ПСЖ уште еднаш покажаа зошто се едни од најдобрите во светот. „Жолтиот ѕид“ приреди кореографија за паметење. Преубав амбиент и пред мечот Атлетико Мадрид - Ливерпул

Француски новинар го олади Клоп

Јирген деновиве дефинитивно е во форма. Му годел одморот што го имаа за време на зимската пауза, па се врати пред новинарите во топ издание. Се смее, дава изјави, се зафркава. Ама налета на еден незгоден новинар од Франција. Клоп му вика за кој си ти? Овој вика за ФК Ленс. Аааа значи ти и толку сте за Ленс му се изнасмеа во фаца тренерот на Ливерпул и доби студен туш.

Откако Баџо не игра, не постои повеќе недела како ден

Седум екипи имаа привилегија да го имаат, но немаше некој да не го сака бидејќи беше фудбалер за сите. Легенда која ги рушеше и навивачките бариери. Мајсториште кое ретко се раѓа. Моќен во секој поглед. Пеп за прв пат почувствувал страв од свој соиграч.

Кога не знаеш ништо на испит, па се вртиш наоколу, бараш спас

Кога доаѓаш неспремен на полагање, книга не си фатил, а сакаш да се случи чудо. А сите околу тебе веќе испишале пола бел лист.

Малку познати факти од биографијата на Џордан

Неговото височество во понеделникот наполни 57 години. Сите светски медиуми го одбележаа роденденот на Мајкл Џордан со разни приказни, најдобри моменти и анегдоти од неговата кариера. Ние издвоивме неколку.

Коментаторски гаф во сред пренос на Милан

Ај тој што го објавивме скоро беше од некој нисколигашки меч, ама да коментираш меч од Серија А во случајов Милан - Торино од синоќа и вака да ја оплескаш? Вака оди коментарот: И сега внимание, трк на Ребиќ и му оди да го фати за г`з (culo на италијански).

Ѓоковиќ се симнал пред зграда и поиграл тенис со комшиите

Најдобриот тенисер на светот во понеделникот вечерта ги изненадил сите деца од соседството во населбата Нов Белград, кога се симнал пред зградата во која неодамна купил стан и заиграл тенис со нив.

ЈСП преку Фидановски до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Во првиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Макпетрол, ЈСП и Гранит.

Новак пак се отвори на бина

Сан Ремо му беше само загревање. Овој пат имаше подолг настап во дует со жена му, а ја изведоа популарната „Чоколада“ од група Идоли на настан организиран од страна на неговата фондација. Не бе, знае да ужива и кога не држи рекет в рака.

Си поигруваше на Стемфорд Бриџ, а цела година топка нема фатено

Манчестер Јунајтед синоќа освои важни гостински бодови и тоа со директен конкурент за место во Лига на шампиони. Во одбрана им се врати многу важен човек кој Солскјер го испофали, а има и зошто кога ќе видите колку јуначки им одигра на Сините.

Спремни за полетување, се враќа Лига на шампиони

После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.

Омиленото Ол стар забивање на Џордан

Кралот на кошарката е двократен победник во забивање во 1987-ма и 1988-ма. Во интервју за Асошиејтед прес посветено на Ол старот, го прашаа кое му е број 1 забивање, а тој одговори она победничкото на Винс Картер пред точно 20 години.

Судија па не се поништува ваков еврогол

Добро е што Урава Редс со 5-2 го прегази Вегалта Сендаи во јапонскиот Куп. Ама не чини што судијата поништи епски гол на Леонардо Нашименто Лопез де Соуза.

Ибра шоу на мал простор

Во Милан претплатен за голови годинава е Анте Ребиќ кој секој натпревар дава гол. Синоќа го реши Торино, а Златан си поигра во шеснаесетник со голманот и со уште еден.

Заслужи ли Мегваер директен црвен картон против Челси?

Манчестер Јунајтед продолжи по старо, да губи бодови со Брајтон и Борнмут, а да освојува против екипи од врвот на табелата. Така синоќа, на „Стемфорд Бриџ“ по трет пат сезонава го победија Челси, 0:2, ама една епизода многу влијаеше врз текот на мечот. Хари Мегваер со сета сила го удри Митчи Батчуаји.

Голман, тебе ти се оди на рочиште за фаулов?

Науел Гузман, битангата што брани за Тигрес, со апсолутна намера го прекршува противничкиот шпиц Едоардо Агире кој на истиот меч му даде 2 гола и го победи 2-1. За оваа снимка ништо чудно да му стигне пошта од суд во сандаче.

Ма супер ја шутна, гајле да немаш

Бидејќи знаеме дека многу кладилничари пишуваат на своите тикети по некој пар и од тоа Англичаните Лига 1, Лига 2, а појма немаат што пацери играат таму, еве еден пример зошто не можеш да се потпреш на нив. Кру има ситуација три на еден за водство од 2:1 против Плимут и се случува ова.

Првиот Ол стар во кариерата на Коби Брајант

Ова е легендарен настан по многу основи. Тешко е да се фокусираме само на Коби, бидејќи кога ќе видите кој се играше таа година, ќе ве пукне силна носталгија. Едно што се појави како дебитант со јаки потези, друго што доби задача да се чува со Џордан и трето што имаме снимка со коментар на Љубомир Николовски.

Кошаркарот што на тајм-аут заборави за кого игра

За време на финалето на Купот на Србија меѓу вечните ривали Партизан и Црвена Звезда, кошаркарот кој скоро дојде меѓу црвено-белите, Марко Јагодиќ-Куриџа на еден тајм аут на прашањето со кое се крева моралот „Ко је најбољи“, одговара „Приморска“, клубот во кој играше до скоро.