Лудата банда од Кадиз што ќе ја направи шпанска Ла Лига повесела

Од 2006-та година, кога испадна од Примера, Кадиз се давеше меѓу втора и трета шпанска лига. Сега конечно дојде време, после 14 години одново да уживаат во дражта на најдоброто шпанско друштво. Важат за луда екипа со луди навивачи.

Кадиз долго време беше прв во шпанска Сегунда, во финишот и го отстапи првото место на Уеска, но директно се пласираше во елитната Ла Лига. После цели 14 години.

ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ ИГРАА ВО ТРЕТА ЛИГА

По испаѓањето од Примера во 2006-та година, Кадиз почнал целосна реконструкција. Клубот постојано се борел меѓу втора и трета лига и имал кризи со управувањето.

Во 2018-та година генералниот директор на Кадиз Кике Пина го обвиниле за затајување данок и го суспендирале од каква било фудбалска активност.

Кадиз го спасил претседателот Маноло Вискаино кој ги платил долговите од свој џеп. На прашањето зошто давал свои пари, Вискаино спокојно одговорил:

„Слушнете, ова е прав договор. Денес малку потрошив, утре ќе заработам. Така и бидна - ја постигнавме целта за пласман во Ла Лига“.

СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА КАДИЗ Е ПОРАНЕШЕН ПОМОШНИК НА МОНЧИ, НАЈЗВУЧНО ЗАСИЛУВАЊЕ ШПИЦОТ НЕГРЕДО

Во 2013-та година Оскар Ариас станал член од тимот на Рамон Мончи, најдобриот спортски директор во Европа при неговиот прв престој во Севиља.

После четири години Ариас станал спортски директор зошто Мончи замина во Рома. Во Севиља Ариас се памети по тоа што го продаде главниот играч Витоло во Атлетико и не се согласувал со тогашниот тренер Едуардо Берицо.

Во 2018-та година Ариас стана спортски директор на Кадиз. На стадионот „Рамон де Каранса“ добил целосна слобода и создал одлична екипа. Фали Хименез и Хуан Кала го сочинувале бедемот во одбрана. Кадиз сезонава прими само 39 гола цела сезона и тоа е трет најдобар резултат во Сегунда (повеќе имаат само Малага и Хихон).

Шпицот Чоко Лозано играл во Жирона и Барселона Б, но токму во тимот предводен од Алваро Кервера станал познат шпиц- постигнал 10 гола кои му донеле важни бодови на Кадиз.

Ариас научил и добро да продава. Во последните пар години благодарение на два јаки трансфери (Алваро Гарсија во Рајо Ваљекано и Ману Ваљехо во Валенсија) буџетот на Кадиз се наполнил за 10 милиони евра.

Меѓу најпознатите играчи кои го засилија Кадиз во изминатиов период се поранешниот фудбалер на Атлетико и репрезентативец на Аргентина Аугусто Фернандез, како и Алваро Негредо (го паметиме од Манчестер Сити и селекцијата на Шпанија).

ЛИДЕР Е ДЕТЕ НА РЕАЛ МАДРИД И БРАТ НА НАЧО

Во времето додека Жозе Мурињо беше тренер на Реал Мадрид, за овој клуб дебитираше и Алекс Фернандез, помлад брат на бекот на Реал Начо. Алекс после Еспањол, Елче, Ријека и Рединг стигнал во Кадиз. И таму е главен лидер на екипата.

Сезонава бил најдобар стрелец со 13 постигнати голови и 6 асистенции (повеќе од него имал само Салва Санчез - 8 асистенции). Брат му на Начо е омилен лик кај навивачлите и заменик капитен.

ГЛАВНИОТ СТОПЕР ОДБИЛ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА ФУДБАЛ ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ВАКЦИНА ЗА КОРОНАВИРУС

Интересно, Фали Хименез, главен играч во одбраната на Кадиз бил најголем противник за рестартот на фудбалот во Шпанија за време на глобалната пандемија. Фали како помлад ја поминал академијата на Барселона, но сега иако командант во одбраната на Кадиз, тој одбивал да тренира и игра додека не се најде вакцина за вирусот.

„Дури ни за 5 милијарди евра не би си го ризикувал животот. Подобро ќе јадам леб и зејтин“, рекол Фали пред рестартот на шпанскиот фудбал пред некој месец.

Управата му дала слободно време да се одмори, да ги направи неопходните тестови и да се врати во тимот кога ќе сака. Но поради слаба форма тој го изгубил местото во екипата.

„Без да отидев кај психолог ништо немаше да биде. Тој ми разбуди важно чувство на алтруизам и ми ја објасни одговорноста“, вели Хименез како се охрабрил да се врати.

„Што правев за време на карантинот? Играв голф. Мислам дека може да се здружам со (Герет) Бејл. Само пред да дојде во Кадиз Бејл треба да знае дека ако не трча и не тренира нем а да игра. Ќе мора многу да трча“, вели Фели.

ЕДЕН ОД ИГРАЧИТЕ СЛАВЕЛ МНОГУ ЧУДНО ПА МОРАЛ ДА ПРАВИ ТЕСТ ЗА КОКАИН

Кадиз е една од најважните приморски луки во југо-западна Шпанија. Важи за град на шпанската морнарица. Има околу 117.000 жители.

Навивачите на клубот Кадиз еуфорично го прославиле пласманот во Ла Лига, свесни дека за неколку месеци ќе им гостуваат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико, Севиља, Валенсија итн.

Еден од оние кои најбурно го прославиле пласманот бил напаѓачот Нано Месо кој игра за Кадиз на позајмица од Еибар. Тој за време на интервјуто толку необично славел што помислиле дека користел кокаин, па морал да прави дополнителни тестови:

Отишол на клиника и направил тест за наркотици во крвта. Тестот бил негативен, играчот го објавил на Твитер.

Едно е сигурно. Кадиз е клуб кој ќе ја направи Ла Лига уште повесела. Нивните навивачи важат за едни од најжестоките во Шпанија и сигурно е дека на Ла лигашите нема да им биде лесно во Андалузија.

31 јули 2020 - 12:10