И се сипа на белата топка на сред Светско првенство
Стартот на СП во снукер го одбележа Курт Мафлин, кој во еден момент реагираше како да игра билијард со другарите во маало. Се изнервира затоа што со белата топка ја погоди жолтата, а не смееше според правилата. Беше многу блиску во 16 фрејм да направи максимален брејк од 147 поени. Доби и судиска опомена поради глупоста.