НБА се врати, играчите носеа пароли наместо презимиња на дресови

Ноќта помеѓу четврток и петок се возобнови сезоната 2019/20120 во НБА која што беше прекината поради коронавирусот во март.

Во рамки на рамки на регуларниот дел, Њу Орлеанс во  салата HP Field House изгуби од Јута 104:206, а Лејкерс во Арената во Wide World of Sports Complex во Лејк Буена Виста на Флорида.ги победија градските ривали ЛА Клиперс 103:101.

Ентони Дејвис со 34 поени и 8 скока беше најзаслужен што ЛА Лејкерс го отвори рестартот со победа. Леброн Џејмс уфрли 16 коша со 11 скока, 7 асистенции и 5 изгубени топки.

Кај Клиперси Пол Џорџ уфрли 30 поени, а Кавај Ленард 28.

Интересно, сите кошаркари на грб наместо своите презимиња, носеа пароли за поддршка на барањата за промени во американското општество, особено во борбата против расизмот:

Што се однесува до мечот Њу Орлеанс - Јута, триумф на „џезерите“ им донесоа Конли и Митчел со по 20 поени, а Руди Гобер (првиот позитивен играч на коронавирус во март во НБА) имаше 14 поени и 12 скока. Инглс 13 поени а О'Нил 12 поени и 9 скока.

Њу Орлеанс поентерски го предводеа Кларксон со 23 поени, Инграм со 23 поени и 8 скока, Холидеј со 20 поени и 6 скока и првиот пик на драфтот Зајон Вилијамсон со 12 поени.