Offside

Трето важно поглавје во Италија за македонскиот дијамант. За жал нема да фати ЛШ, но ќе игра на меѓународна сцена.

Прав Наполитанец уште во пелени станува ултрас

Така е тоа кај нив. Прво ги учат навивачките песни за Наполи, а потоа азбуката. Малиов ја најавува својата поддршка на Сан Паоло до кај 2100-та година. Само здравје да го служи.

Најсилниот Македонец ќе се бори на елитниот Остров на борците

Претседателот на најпознатата промоција на мешовити борби УФЦ, Дејна Вајт долго време работеше на идејата за “Остров на борците“ и конечно ја откри супер дестинацијата каде ќе има спектакуларни борби: Островот Јас во Абу Даби.

Чекајте, уште ништо не сме виделе од Кавани на село

ПСЖ е прогласен за шампион предвреме, ама има ли поголем шампион од уругвајската ѕвезда? Има пари и луксузи за терање колку сака, ама тој периодов повеќе го влече селскиот и оригинален живот во местото од каде потекнува. Овци зема да стриже.

Сигурно не сте ја заборавиле петата на Суарез против Мајорка

На 8 декември лани, Барса ја пречека Мајорка на „Камп Ноу“ и на тој меч Меси постигна хет-трик ама славата ја собра Луис Суарез по една неверојатна акција. Голов е еден од најубавите во кариерата на Уругваецот, особено што падна после страшна акција на Каталонците.

Тангото на Каниџа и Марадона против Бразил во Италија '90-та

Дуел на титаните во полуфинале на Мундијал Италија '90-та. Бразил против Аргентина. На теренот ѕверки како Тафарел, Дунга, Карека, Валдо, Буручага, Марадона, Каниџа. Токму последниве двајца го решија мечот во 80-та минута и „гаучосите“ отидоа во 1/4 финале.

Фудбалерот кој коронавирусот го заглави 73 дена на аеродром

Сторијата со Том Хенкс беше само филм по име Терминал, но ова е вистина која се случи во Индија. Остај друго, него типот и циклон преживеал, не само вирус и имал 11 евра во џеб.

Приказна за кошаркарскиот пат на Џорџ Флојд - човекот во чие име протестира цел свет

Името кое најчесто се споменува во светските медиуми овие неколку недели е Џорџ Флојд, Афро-американецот кој беше брутално убиен од полицаец-садист кој со колено го гушеше неколку минути.

Спремајте се за врвен фудбал 10 дена по ред

Конечно после долго време пауза, на голема врата се враќаат најдобрите европски фудбалски лиги, а љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во дерби средби.

Реакцијата на Новак кога го добива првиот рекет на 4 години

Прво му даваат микрофон, ама го нејќе. Но потоа кога ќе му го покажат изненадувањето, не можат да го сопрат од пеење. Излегува надвор со рекетот и еве го и ден денес не застанува. Уште од тогаш се видело што сака во животот.

На кое дереџе падна Балотели, го вратија од пред врата во Бреша

Откако неколку недели не доаѓал на тренинг, Марио Балотели до управата на Бреша доставил лекарски извештај како оправдание дека отсуствувал од тренинзите поради гастроентерит. Сабајлево другар го возел со кола до тренинг центарот каде Балотели дошол да тренира, ама „пољубил врата“. Претседателот на Бреша Масимо Челино реши да го раскине договорот со Балотели на штета на клубот.

Сте виделе ли како Роберто Карлос дебитирал во Интер?

Неговото име е асоцијација за Бразил и Реал Мадрид и не сите паметат, а можеби некој и воопшто не знае дека го има носено дресот на Интер. Тоа се случи пред точно четвртина век и заврши многу брзо поради екстремно лошата проценка на неговиот тренер Рој Хоџсон.

Играш игрица и ти се јавува Леброн во живо да муабетите

Стримерот Ејдин Рос играл НБА 2К20 со Брони Џејмс, синот на најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс. Леброн во еден момент седнува пред компјутерот на син му за да поразговара со Ејдин.

Една од најврвните лудории на Фалкао во футсал

Докторот за мал фудбал синоќа наполни 43 години, така што мора да му го одбележиме макар и со доцнење. Па не е нормално што сè им правеше со топка, а со нормала се коси и овој слободен удар.

Како Барселона изгуби титула во неколку секунди во 2007-ма

Во една од најлудите сезони во шпанска Ла Лига, во 2007-ма, Барселона со месеци беше прва. Ама во јануари таа година паднаа во форма и тоа го искористи Реал Мадрид кој прво бодовно се приближи, па стана шампион благодарение на легендарниот капитен на Еспањол Раул Тамудо.

Сега е забрането, но кога ракувањето во фудбалот стана официјално?

Истражување од Универзитетот Колорадо покажало дека човек во својот живот се ракува по 20.000 пати во просек. Доктори тврдат дека на рацете во просек има по 4.000 бактерии од кои некои многу непријатни. Од кога постои овој ритуал во фудбалот?

Нема нам више Дражена

Со овие зборови Славко Цвитковиќ ја објави најтажната вест во својата новинарска и водителска кариера. Најтажна вест досега емитувана во хрватскиот етер, а поминаа 27 години. Прерана смрт на кошаркарскиот Моцарт, гениј и идол поради кои многумина играа со портокалова топка на својот маалски кош.

Еден веројатно реален проблем со кој се соочува наш третолигаш

Обично во тие рангови им недостасуваат парични средства, судиска правда (на гостински терен) и подобри услови за игра. Е токму на третово, се нема милост во нивното село. Како игралиштето да е единствен проблем за пасење да му се сневиди.

Вердер Бремен од физиотерапевтот и резервите направи навивачи

Фудбалот се врати, ама атмосферата на многу стадиони е пуста зошто е забранет влез за навивачи поради глобалната пандемија.

А што ако близнациве сменат дрес на полувреме?

Се викаат Гергел Бобал и Давид Бобал. Играат за унгарскиот клуб Залаегерцег. На мечот против Пушкаш Академија првиот даде гол во 47', а вториот влезе во игра во 81' и ги постави конечните 2-0 во 86'.

Голов треба да се ребрендира како Робенка

Унгарците пред десетина дена продолжија со фудбалот таму каде што застанаа пред повеќе од два ипол месеци. Ференцварош комотно си оди кон шампионската титула. Синоќа со 3-0 го совлада ДВТК, а еден од головите кои го даде Зубков беше права Робенка.

Полициска бруталност на уличен баскет

Фер е да признаеш дека не си џандар и дека си дел од Глобтротерс. Така е или не е така?

Срамотилаци е вака да завршиш акција два на еден

Кај германскиот второлигаш Оснабрик изгледа играчите не фатиле топка дома за време на карантинот. На Штутгарт му скинаа бод, а можеа да го изненадат и со три, ако несреќниов лик не одиграше вака аматерски.

Гол од паркинг во Црна Гора

Црногорците веќе го вратија фудбалот на сцена и во само неколку дена паднаа два лудачки гола. Прво во Плевља, па сега и во главниот град. Будуќност славеше против најголемиот ривал Сутјеска од Никшиќ со 2-0 а Милош Раичковиќ даде гол кој долго ќе се памти во Црна Гора.