Беља работа, Елмас е позитивен

Лоша вест за македонската фудбалска репрезентација пристигна од Неапол. Елиф Елмас е заразен од Ковид 19 во пресрет на три натпревари на нашиот национален тим, меѓу кои и историскиот со Косово.

Најновата информација која воппшто нема да му се допадне на селекторот Игор Ангеловски ја соопшти клубот на својот Твитер профил откако се чекаа резултати од четворица тестирани играчи на Наполи.

Тој е сега втор фудбалер од составот на Гатузо кој има коронавирус. На првичните тестови позитивен беше неговиот колега Зјелински.

Тоа значи дека Елиф Елмас за жал нема да може да настапи на еден од најважните натпревари за Македонија во историјата, а тоа е полуфиналниот меч од Лига на нации против Косово закажан за 8 октомври во Скопје.

 

И не само тоа, туку една од најважните алки во играта на македонската репрезентација ќе ги скокне и дуелите со Естонија и Грузија на 11 и 14 октомври кои се во рамки на новата сезона од ЛЕ.

Инаку Елмас и Зјелински се позитивни поради мечот со Џенова одигран минатото коло, каде на големо се рашири вирусот. Таму најпрвин имаше 14 позитивни, но според денешните најнови информации бројката е искачена на 22 од кои дури 17 се играчи.

Од тие причини викендов е одложен мечот меѓу Џенова и Торино, но не и дербито Јувентус - Наполи. Среќа во несреќа е што Пандев е негативен.

Во меѓувреме Мрме го објави списокот за трите средби.

3 октомври 2020 - 17:17