Четвртото коло од сезонава во англиската Премиер лига ќе се памети уште многу долго.
Пазете го ова:
- Астон Вила го смачка Ливерпул со 7:2
- Тотенхем го прегази Манчестер Јунајтед со 1:6
- Манчестер Јунајтед прима 4 гола во едно полувреме за првпат во Премиер лига со вкупно 1.079 одиграни натпревари во ова натпреварување
- Евертон одново победи со 4:2 и уште е лидер на табелата
- Ливерпул и Манчестер Јунајтед првпат во историјата примиле најмалку 6 гола во ист ден
- Ливерпул е првиот шампион во историјата кој примил 7 гола за еден натпревар
- Ливерпул прима 7 гола првпат после 1963-та година
- Манчестер Јунајтед и Тотенхем постигнаа по 3 гола за само 7 минути и тоа е израмнување на рекорд од 1999-та година
- Тотенхем е само вториот клуб во историјата кој му дал 6 комада на Јунајтед на „Олд Трафорд“
- Сите екипи во Премиер лига постигнаа вкучпно 41 гол, но тоа не е рекорд. Рекордот стои на 44 гола, а претходно 43 погодоци паднале во 24. коло од сезоната 2010/2011.
ПОТОПОТ НА КЛОП И ЛИВЕРПУЛ НА ВИЛА ПАРК
Астон Вила немаше победа против актуелниот шампион во Премиер лигата цели 15 меча по ред, а на последните 12 изгуби. Минатата сезона тимот од Бирмингем два пати загуби од „црвените“, само го победи нивиот резервен тим во Купот.
Сега како да дојде време за наплата. Астон Вила со страшни 7:2 го прегази Ливерпул и му го нанесе можеби најтешкиот пораз во клупската историја. Брутално газење.
На голот на Ливерпул седеше резервниот голман Адријан (секако дека тоа не е оправдување), кој направи кикс кај првиот гол на домашните преку Оли Воткинс во 4’ минута. Шпицот на Вила дојде од Брентфорд на Вила Парк за 27 милиони фунти, а синоќа имаше хет-трик и беше јунак на историската победа од 7:2!
Набрзо во 22’ минута на 2-0 зголеми истиот играч. Ливерпул за момент се врати на 2-1 преку Мо Салах, но следуваше потопот: МекГин зголеми на 3-1, Воткинс на 4-1, до крајот уште Рос Баркли и Џек Грилиш го матираа гостинскиот голман а Салах го постигна вториот утешен гол за конечни 7:2.
„Сè почна со првиот гол, допуштивме сериозни грешки пред голот: губевме топка во погрешна зона и не се браневме правилно. Се изгледаше така како да го предадовме мечот после 1:0. Но тоа не е оправдување.
Кој сака да изгуби 7:2? Пред неколку години си кажавме дека сакаме да испишеме историја. Ова беше историски момент, ама не од тој тип“, рекол Јирген Клоп потиштен после мечот од дебаклот.
ЗАНИМЛИВОСТИ:
- Последен пат Ливерпул примил толку многу голови во април 1963-та година против Тотенхем во рамки на англиската лига (ист пораз 2:7).
- Со актуелниот првак на Англија многу одамна не се случило такво нешто. Во 1953-та година Арсенал изгубил како актуелен шампион 7:1 од Сандерленд. Во неделата се случил само петти ваков дебакл на шампион во историјата на англиската лига.
Најмногу им се ситеше Гери Невил кој се спрдаваше со Џејми Карагер на социјалните мрежи:
— Gary Neville (@GNev2) October 4, 2020
— Gary Neville (@GNev2) October 4, 2020
МУРИЊО ГО УНИШТИ ПОРАНЕШНИОТ КЛУБ
Покрај дебаклот на Ливерпул, историски пораз претрпе и Манчестер Јунајтед и тоа на свој терен на „Олд Трафорд“. Бруно Фернандеш во 2’ минута го отвори резултатот од пенал, но брзо Тангуи Ндомбеле израмни во 4’ минута. После пар минути Сон зголеми на 1-2 во 7’ минута и следуваше потопот: Кејн (2 гола) и Серж Орие за 1:6!
„Сум победувал многу пати на овој стадион. Најголем дел од победите ми се со Јунајтед, но и со Челси, Реал а сега и со Тотенхем. Оваа е победа на самоувереноста: примивме први гол и можевме да бидеме поразени. Многу сум среќен што поставивме таков рекорд на тој прекрасен стадион“, изјави Жозе Мурињо после мечот.
"Imagine if they had an attacking coach! With a defensive coach they score, 5, 7, 6. With an attacking coach they would score 10, 11, 12!"
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) October 4, 2020
Mourinho says we're now seeing the real @SpursOfficial.#beINPL #PL #MUNTOT 📺 HD11 pic.twitter.com/CeWcXSJwA8
Ова беше четврти меч на Тотенхем во само 8 дена.
А Оле Гунар Солскјер е на страшен удар од навивачите на Јунајтед кои бараат негова оставка. Солскјер синоќа одбил да даде интервју за норвешка телевизија и пред себе ги пуштил играчите.
Лук Шоу дал изјава пред новинарите:
„Манчестер Јунајтед не смее да си дозволи да изгуби волку. Ние излеговме во вториот дел со цел да не изгубиме, но денес ни тоа не ни тргна. Таков клуб како Манчестер Јунајтед не смее да си дозволи такво нешто. Секако, паузата за репрезентациите добро ќе ни дјде но како фудбалери би сакале да се исправиме веќе на следниот меч. За жал, ќе треба да чекаме една недела“.