Лига Европа

Мурињо пак во Бугарија, Милан во најтешка група

Во новото издание од Лига Европа ќе има 5 македонски фудбалери: Дарко Велковски, Милан Ристовски (Ријека), Адеми (Динамо), Елмас (Наполи) и Дени Илиев (Арсенал). Неколку интересни вкрстувања: Велковски и Ристовски против Наполи на Елмас.

Ждрепката ја влечеа Чиро Ферара, Џорџо Маркети, 

Група А: Рома, Јанг Бојс, Клуж, ЦСКА Софија
Група Б: Арсенал, Рапид Виена, Молде, Дандалк
Група Ц: Баер Леверкузен, Славија Прага, Хапоел Бер Шева, Ница
Група Д: Бенфика, Стандард Лиеж, Глазгов Ренџерс, Лех Познањ
Група Е: ПСВ Ајндховен, ПАОК, Гранада, Омонија
Група Ф: Наполи, Реал Сосиедад, АЗ Алкмар, Ријека
Група Г: Брага, Лестер, АЕК, Зарја Луханск
Група Х: Селтик, Спарта Прага, Милан, Лил
Група И: Виљареал, Карабах, Макаби Тел Авив, Сиваспор
Група Ј: Тотенхем, Лудогорец, ЛАСК, Антверпен
Група К: ЦСКА Москва, Динамо Загреб, Феенорд, Волсфбергер
Група Л: Гент, Црвена звезда, Хофенхајм, Слован Либерец

Групната фаза на Лига Европа започнува на 22 октомври кога се игра првото коло. Ќе има 48 екипи распоредени во 12 групи и ќе се игра по досегашниот систем - секој со секого. Термините повторно ќе бидат 18:55 и 21:00.

Натпреварите во интересната групна фаза ќе завршат во декември, а од 18 февруари следната година ќе почне нокаут фазата. УЕФА во четвртокот објави дека е донесена одлука да се намалат мерките на ограничување поврзани со глобалната пандемија и да се допушти 30% од вкупниот капацитет на секој стадион каде ќе се игра Лига на шампиони и Лига Европа.

Финалето е закажано за 26 мај 2021 година на стадионот „Енерга“ во полскиот град Гдањск.

Еве ги датумите за групната фаза:

1. коло - 22 октомври
2. коло - 29 октомври
3. коло - 5 ноември
4. коло - 26 ноември
5. коло - 3 декември
6. коло - 10 декември

За време на церемонијата на УЕФА пред ждрепката, по примерот на онаа од синоќа кога се влечеа групите за Лига на шампиони, овојпат се одбра и најдобар играч во ЛЕ за минатата сезона 2019/2020. На листата беа кандидатите Ромелу Лукаку (Интер), Евер Банега (Севиља) и Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), а наградата ја зема белгискиот центарфор.

2 октомври 2020 - 13:42