Милан беше пред срамна елиминација во Лига Европа која ја избегна со пенал во 122-ра минута кој го изведе Чалханоглу за 2:2, откако домаќините поведоа 2:1 во продолженијата од мечот, по оние 1:1 во регуларните 90.
А во пенал серијата имаше драма над драмите. Се изведуваа вкупно 24 удари од бела точка односно 12 серии. Шутираа „како први така други“ што ми се рекло со маалски речник, a Милан победи 8:9.
По првите осум серии пеналџиите беа безпрекорни, а потоа почна циркузот. Прв промаши младиот Коломбо кој го земаа од младинскиот тим, а потоа првата меч топка ја пропуштија гостите откако Монте ги погоди двете стативи како на најсмешно видео инсерти.
Следуваа по два успеши удари, па на ред дојдоа голманите. Донарума ја прати во небо, а за да не остане покус истото го направи и голманот на Рио Аве кој можеше да биде херој.
Домаќините имаа и трета меч топка по прамашувањето на Бенасер, но не ја искористија. Драмолетката заврши дури во 12-та серија кога Кјаер погоди, а Донарума одбрани и го однесе Милан во групната фаза на ЛЕ.
Пиоли по мечот изјави дека нема видено вакво нешто во кариерата.
Rio Ave x Milan. 24 pênaltis. pic.twitter.com/dmg3qD8QYe
— Marcelo Bechler (@marcelobechler) October 2, 2020