Претходно, пред да се судри со гигантите, Брајтон направи големо изненадување откако со 0:3 го згроми Њукасл на гости. На тој меч, а и на оние против Челси и Манчестер Јунајтед најзабележителен беше еден мал, низок по раст, но брз како шило играч на Брајтон.
Се вика Тарик Лампти и е класа десен бек. Толку е добар што Баерн Минхен за овој 20-годишен фудбалер е спремен без размислување да даде 15 милиони (информација од германскиот канал Sport1).
Европскиот шампион не го откупи договорот на Одриозола од Реал Мадрид и бара алтернатива за Павар кој минатата сезона принудно играше стопер и се навикна на таа позиција во центарот на одбраната.
ТАРИК СТАНУВА ХИТ ВО ПРЕМИЕР ЛИГА
Најголем дел од нападите на Брајтон се одвиваат по десна страна каде фуриозно игра Лампти - против Челси дури 46% од нападите на Брајтон биле од тоа крило (статистика на WhoScored).
И покрај поразите на двата меча (против Челси и Ман. Јунајтед), Брајтон играше сосема добро а против Манчестер поставија рекорд со 5 погодени пречки и стативи.
Кога во дуелот од Премиер лигата, Бруно Фернандеш направи пенал над Тарик Лемпти кој беше реализиран за 1-0, навивачите на Јунајтед се сетија на иста епизода од мечот Њукасл - Брајтон кога во 2’ минута Лампти беше фаулиран за пенал па гостите славеа 0:3.
Според The Athletic, Тарик Лампти е висок 1,63 см.
„Знаевме на што е спремен Лампти, тој е многу брз и многу остар. Знаевме дека Сент-Максимен ќе има проблеми со него. Но не очекувавме дека Алан ќе направи фаул во наш шеснаесетник“, рекол после мечот тренерот на Њукасл, Стив Брус.
Истите зборови може да ги потврди и Солскјер - на двата меча Тарик излегуваше од нигде никаде и директно влегуваше во шеснаесетник. Исто онака неочекувано како што се појавил во Брајтон минатата зима.
„ДА НЕ БЕШЕ ИЗВЕШТАЈОТ ОД АКАДЕМИЈАТА, НЕМАШЕ ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА ВООПШТО Е СПОРТИСТ“
Тарик Лампти во детството навивал само за Манчестер Јунајтед. Постојано ги гледал.
„Кога раснев, освојуваа сè. Не сакам да губам, таков беше и Јунајтед под сер Алекс Фергусон. Може и затоа ме привлекоа“, рекол Лемпти во интервју за The Athletic.
Во еден момент отишол во академијата на Челси. Прво 7-годишното дете не требало да се сели од Лондон за да тренира на друго место. Второ, во овој клуб играл Мајкл Есиен, жива легенда за сите мали деца од Африка, посебно од Гана.
Лампти е роден во семејство на мигранти од Гана: има тројца браќа, вечно вреден и работлив татко (претходно работел се и сешто, а сега е посветен на кариерата на Тарик) и мајка. И покрај скромниот живот како мал, родителите никогаш не го ограничувале за љубовта кон фудбалот.
„Ме прашуваа, ми се допаѓа ли да играм фудбал? Сакам ли да продолжам? Секогаш викав да и мирно ја примија мојаа одлука. Мајка ми ме земаше од школо и ме носеше на тренинзи. Се пресоблекував во кола. На М25 (автопат кај Лондон) секогаш има големи гужви.
Татко ми исто помагаше, дури и трениравме пред да одам во школо. Ми раскажувал дека бил фудбалер но нема видео за да ми докаже“, се смее Тарик.
Тој од родителите не го наследил само вредниот труд туку и растот. На фотографијата е 17-годишниот Тарик на потпис на првиот професионален договор со Челси (октомври 2017-та).
Од 11 до 16 години, Тарик Лампти одел во школо во Квинсмит, специјализирано училиште каде спортисти учат заедно со обични ученици. Наставниците таму се сеќаваат дека да немал дебела јакна со големо лого на Челси, немале да знаат дека Тарик воопшто игра фудбал.
„Знаевме дека ќе стана класа фудбалер, иако искрено дознавме информации од академијата на Челси, а не од него самиот. Во нашето школо има многу играчи од спортски училишта и сите размислуваат да заиграат во Премиер лига“, вели Хармит Сахот, заменик директор во школото Квинсмит во Западен Лондон и додава:
„На крајот малку кој успева во тоа, ама сите го зборат истото. Но не и Тарик. Ние за него добивме информации од надвор: дека е ѕвезда на младинците на Челси и игра со неколку години повозрасна група. Ако немаше извештај од академијата на Челси и логото на Челси на неговата дебела јакна која ја нема во продажба, немаше да знаеме дека е фудбалер“.
Тарик важи за многу бистро момче.
„Тој беше еден од оние кои го положија А тестот. Учениците ги оценуваат наставници од други школи, за да проверат дали правилно сме ставале оцени. Сите кои видоа како трча не можеа да поверуваат дека тоа е реално“, вели Маја Бригс, наставничка по физичко во школото.
ВО ЧЕЛСИ НЕ ДОБИ ШАНСА - ЛАМПАРД ГО ИЗБРА ЏЕЈМС
Тарик Лампти спокојно ги поминал сите возрасни категории во Челси и тоа пред очите на асистентите на Лампард, Џоди Морис и Џо Едвардс. И двајцата пред да влезат во стручниот штаб, работеле со младинците.
„Сум видел многу талентирани млади играчи. Тарик го видов на 16 години. Ме потсети на Самуел Ето. Не, не за позицијата на теренот, туку по реакциите кои ги имав додека гледав како игра. Вау, вау, вау - видов 6 или 7 негови меча и секој пат реагирав исто“, се сеќава Џовани Гало, човек кој 30 години работел како главен скаут на Милан.
Самиот Лампард лично одговорил на прашањето зошто Рис Џејмс а не Тарик:
„Го знам Рис уште од дете кога играше во академијата. Го набљудував кога беше на позамијца минатата година и блескаво играше за Виган. Се обидов да го земам во Дерби но не можеше да дојде на сред сезона. Восхитен бев од неговата игра. А сега кога работам со него, чувстувам иста восхит дури и повеќе“, полн фалби бил Френки за неговиот прв избор за десен бек сезонава - Рис Џејмс.
Тарик Лемпти стигнал дури и да дебитира за првиот тим на Челси иако скоро никој не го памети. Во декември 2019-та година влегол од клупа за резерви против Арсенал (2:1). Играл доволно добро за тренерите Морис и Едвардс да го убедат Лампард да го остави во составот.
А Френки немал ни голем избор: Алонсо и Рис Џејмс го пропуштија тој меч поради повреда, а од стоперите на клупа бил само Кристенсен. Лампти влегол од клупата наместо Томори при резултат 0:1 за Арсенал и како десно крило ги играл последните половина час (Лампард го извадил Емерсон во првиот дел па Азпиликуета заигра десно).
„Тарик стана катализатор на нашата победа. Тој донесе острина и умешно ја искористи брзината“, рекол Лампард после мечот.
Понатаму уште два пати влегол од клупа за резерви во Купот на Англија - го сменил Педро на крило, а на својата матична позиција десен бек не можел да добие место во конкуренција со Азпиликуета и Рис Џејмс. Рис е постар една година од Тарик, погабаритен е и поголем на теренот. Инаку игра сосема поинаку од Тарик.
„На позицијата десен бек имам два играчи со разни квалитети. Тоа ми одговара потполно“, изјавил Лампард после мечот со Брајтон на почеток на сезоната.
Тие двајца се Азпиликуета и Рис Џејмс. Шпанецот е балансиран фудбалер, а Англичанецот е поофанзивен. Можно било Рис да го смени Шпанецот во фаза на одбрана а Лампти да игра понапред. Во 2022 година кога му истекува договорот со Челси Азпиликуета ќе има 33 години.
Тарик и татко му Ахмед кој е менаџер на синот, не сакале да чекаат.
Лампти заминал од Челси минатата зима. Клубот му предлагал нов договор (актуелниот му завршува во 2020) и да го пратат на позајмица, но Тарик одбил.
„Одлуката не беше лесна. Во Челси поминав цели 12 години, тука се сите мои другари и оние кои ги сметам за мое семејство. Но чувствував дека е дојдено време за ново поглавје во кариерата“, рекол Тарик во првото интервју како играч на Брајтон.
Тренерот Грем Потер бил претпазлив.
„Можел да остане во клубот, да продолжи да се развива и воопшто да не игра. Гледајте го Фил Фоден - не играше често, но продолжи да учи. Секој треба да реши каде ќе има подобри услови и каде ќе може да игра фудбал. Ние не ветуваме дека Тарик ќе игра постојано. Но ќе се бори за место во прв тим“.
БРАЈТОН ПОЛА ГОДИНА СЕ СПРЕМАЛ ЗА ТРАНСФЕР
Минатата сезона скаутот Џовани Гало кој го споредил Тарик со Ето, работел во Ница. Кога дознал дека десниот бек Лампти заминува од Челси, се надевал дека може да го донесе во Франција. Но малиот го одбрал Брајтон.
„Се разочарав многу. Испуштивме неверојатен играч. Но искрено му посакувам се најдобро на Тарик“, признал скаутот Гало.
Според The Athletic, Брајтон на Челси му платил 1,6 милиони фунти (со сите бонуси сумата може да порасне до 3 милиони фунти), што навивачите на Челси сметале дека е грабеж.
„Ало, полиција Сасекс? Сакам да пријавам кражба: Брајтон го украде Тарик Лампти од Челси за 3 милиони фунти“.
Hello. Is that Sussex Police? I'd like to report a crime please. Brighton & Hove Albion have stolen Tariq Lamptey from Chelsea for £3 million pic.twitter.com/ft9oDzhibG
— We Are Brighton (@wearebrighton) June 24, 2020
КАКО БРАЈТОН ЈА ПОБЕДИЛ КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО НИЦА, ЛИЛ И КРИСТАЛ ПАЛАС?
Едноставно премиерлигашот имал разработен план на трансфери уште пред 6 месеци.
Во мај 2019 година кариерата ја завршил долгогодишниот капитен на Брајтон Бруно Салтор. Тој бил десен бек и станал член на стручниот штаб кај тренерот Грем Потер. Клубот барал негов наследник но Скелото и Монтоја не задоволиле.
Приоритет биле млади Англичани: млади зошто Потер обожава да работи со млади фудбалери, а Англичани зошто никој не знаел дали федерацијата ќе го смени лимитот на странци после Брегзит.
За барање нов десен бек бил задолжен техничкиот директор на клубот, Дан Ешворт кој од 2012 до 2018 бил директор во ФА за развој. За време на работата во федерацијата, Ешворт бил и директор во Вест Бромвич па благодарение на него академијата на овој клуб се промовирала една дивизија погоре а екипата У18 после цели 41 одина стигнала до полуфинале на младински куп.
Ешворт на тренерот на Брајтон му ги предложил Рис Џејмс и Тарик Лампти - двајцата добро ги знаел од младинските категории на репрезентацијата на Англија. Прва цел им бил Џејмс но Рис бил прекомандуван во прв тим кај Лампард, па Брајтон се свртел кон Тарик Лампти.
Челси настојувал да им го даде само на позајмица, но играчот сакал да направи целосен трансфер. Чувстувал дека е спремен за прв тим а во Челси не би добил играчко време.
„Во Брајтон ми се допадна буквално се. Тренинг базата, навивачите, фудбалерите и секако тренерот кој е експерт за работа со млади играчи. Сакам да играм што е можно повеќе и да растам како играч. Овој премин ќе ми даде најдобра шанса за тоа“, рекол новиот фудбалер на Брајтон лани.
Интересно, Тарик играл за Англија U18, U19 и U20. Сега има право да настапува за Гана но не е спремен да бира.
„Единствено за што мислам сега е следниот меч на Брајтон. Сакам да играм што е можно повеќе, да тренирам посветено и да фатам стабилно ниво. А после ќе гледаме што ќе се случува во иднина во меѓународна арена“, заклучува малиот и брз офанзивен бек на Брајтон Тарик Лампти.