Она што прво боде очи на денешната ждрепка е дуелот Меси - Роналдо кој светот ќе има привилегија да го гледа два пати, барем во фазата по групи каде се паднаа Барселона и Јувентус.
Голема неизвесност сигурно ќе има во групата Х, каде тешко може да се издвојат две екипи фаворити за осминафинале во конкуренција на ПСЖ, Јунајтед и незгодниот Лајпциг кој стигна изминатата сезона до полуфинале.
Комотни не можат да бидат ниту Ливерпул и Ајакс кои во група ја добија опасната Аталанта.
ГРУПА А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва
ГРУПА Б: Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк, Интер, Борусија Менхенгладбах
ГРУПА Ц: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј
ГРУПА Д: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд
ГРУПА Е: Севиља, Челси, Краснодар, Рен
ГРУПА Ф: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Клуб Бриж
ГРУПА Г: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош
ГРУПА Х: ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Башакшешир