Марадона држи најјак визир на свет

Диего не е Диего ако не привлече внимание со некој потег надвор од фудбалот. Сите носат маски или визири од оние како заварувачи на железо, а Диего Армандо Марадона се појави како астронаут.

Славниот Аргентинец го имаше првиот претсезонски натпревар со неговата Гимназија де Ла Плата против Сан Лоренцо кој заврши 0:0, а на клупата седеше заедно со син му.

Ковид 19 ништо не му може на Марадона бидејќи тој се појави со посебен визир кој му го покрива цело лице, па и повеќе од што е потребно.

На Твитерџиите им се отвори работа, па го прашуваат Диего од која планета е дојден.

1 октомври 2020 - 12:40