Offside

Додека во САД се игра Светско, македонскиот спорт влегува во историски момент. Лина Ѓорческа се избори за плсман на Вимблдон, турнир кој се смета за неофицијално светско тениско првенство во Лондон.

Прекрасно шоу на навивачите за 130 години АИК Стокхолм

Шведскиот трофеен клуб АИК од Стокхолм синоќа прослави јубилеј 130 години од своето основање. За овој голем настан, навивачите приредија спектакл во главниот град.

Во животот сигурни се сметки за струја и гол на Тричковски на Кипар

Македонскиот репрезентативец Иван Иве Тричковски веќе неколку години е меѓу најдобрите стрелци во фудбалската лига на Кипар. Тричко и синоќа беше прецизен во триумфот на неговиот АЕК Ларнака над Ахнас 3:1. 10-ти гол досега во лигата за некогашниот центарфор на Вардар, Работнички, Клуб Бриж и Легија Варшава.

Турски ватерполо циркуз

Чекај бе, ние мислевме дека сме врвот во ова и го критикувавме Кратово. Па таму барем имаше зелена површина, а ова е како да играш во бара и не можеш ни фор да и дадеш на топката, а не па да ја додадеш. Најјакото е што судијата вели терај, супер е за игра, а копачките им пливаат во вода.

Грчка драма во судиско со два гола, ВАР и утнат пенал

Лариса и АЕК одиграа меч кој ако го чекаш за добивка, ќе ти застане здивот. Прво полувреме завршува 0:2, па домаќините израмнуваат со голови во 70-та и 80-та. Финишот не можеше да биде полуд. АЕК дава гол за 2:3, Лариса добива пенал со ВАР и го промашува во 95-та. Гостите тргнаа во контра и ги дотолчија со конечни 2:4.

Вооружен грабеж пред стадион во Еквадор

Додека правел репортажа кај стадионот „Монументал Исидро Ромеро Карбо“ во Еквадор, новинарот на DirecTV Диего Ординола и камерманот кој го снимал биле ограбени од вооружен крадец кој им ги земал мобилните телефони. А викаат само хулиганите биле проблем на стадиони.

Махер на колото кој за кец доби коефициент 122

Сите ние што уплаќаме постојано грешиме и правиме утки во прогнозата. На толку голема понуда со типови и коефициенти еднаш да згрешат и тие што го прават билтенот.

Најупорниот навивач за кој и без вид не постои пропуштен натпревар

Се сеќавате ли на емотивната и топла приказна за Николас, момчето кое ги гледа натпреварите благодарение на мајка му? И покрај сите пречки, го доживеа и најголемиот клупски континентален успех на својот тим и тоа во живо.

Трочекор и забивање на Леброн, судиите молчкум

Патрик Јуинг имаше еден влез на Ол-стар во 90-те со три чекори кој судиите му го простија, ама тоа повеќе е како егзибиционен натпревар. Леброн синоќа против Денвер тргна самоуверено како воз од кош на кош и се заборави, ама никому ништо, а три ги направи ако не и четири.

Сам си асистираше за страшно забивање

На мечот меѓу Пурдју Форт Вејн и Јангстон Стејт имаше забивање какво што не се гледа ни во НБА. Деметрик Хортон, комбо бекот на Пурдју Форт Вејн во еден напад сам ја фрли топката и од табла заби како Трејси Мекгрејди на времето на Ол-Стар забивања.

Што знае судија што е контра 3 на 1

Манчестер Јунајтед прими гол од ВБА уште во 2' минута, па во 44' израмни на 1-1 и имаше голема шанса брзо да направи пресврт, ама судијата Грег Поусон реши да свирне полувреме кога овие тргнаа во опасна контра пред противничкиот голман.

Детето на Јунајтед кое го спречи Манчестер да освои 3 бода

Голманот на Вест Бромвич, Сем Џонстон до свои 27 години не бранел во Премиер лига каде првпат застана на гол сезонава. И веќе е во Tоп 5 голмани во лигата.

Ај на фудбал, ама на ракомет да промашиш празен гол?

Данска, земјата која го освои последниот Мундијал и ја одбрани светската титула. Додуше ова е во женски ракомет, ама без разлика, чудно и несвојствено е да се избламира вака човек во овој спорт.

Еврогол на Бабунски со ножички за влакно

Откако минатиот месец направи трансфер од Јапонија во Бугарија, Доријан Бабунски дебитираше за Ботев Враца кој загуби од Берое со гол во судиско. Македонскиот интернационалец се истакна уште на првиот меч за новиот клуб, најпрвин со асистенција, па со акробација која заврши во пречка.

Интервју на Ериксен на италијански колку да се каже нешто

Кристијан Ериксен за една година престој во Серија А научил нешто италијански, ама само зборови. До склапање реченици не е стасан. Можеби новинарот требал да сврти да англиски, ама така па него ќе му се отвореше работа да преведува.

Пандев распали против ФФМ: „Срамно е и жално“

Најзаслужниот што Македонија ќе игра на едно Европско првенство, капитенот Горан Пандев на својот Инстаграм профил напиша долга објава и се закани дека ќе се повлече од македонскиот клупски фудбал ако нешто не се смени.

Тешка индиска будалаштина

Луис Суарез престана да гризе, ама сега во Индија почнаа и тоа не рамо или врат како што правеше Уругваецот. Овој е бетер.

Иранецот Мохамади пак изведе луд аут

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади би можел да влезе во Гинисовата книга на рекорди како играч кој фрлал најдолг аут. 23-годишниот Мохамади има специфична техника на изведување аути, со салто напред.

И сега кој е пијан повеќе?

Старите добри другари кои газеа во Милан, а сега се во тренерски води. Синоќа Гатузо (Наполи) го изненади Пирло со 1:0 (Јувентус), што значи снимкава не ќе да е од синоќа.

Кире Лазаров е нов селектор на Македонија

Најдобриот ракометар во историјата на Македонија, Кире Лазаров ќе биде промовиран за нов предводник на македонската репрезентација.

Лука Дончиќ со рекорд на кариерата

Асот на Далас го одигра најдобриот меч откако е во НБА. Во триумфот на Маверикс над Њу Орлеанс Пеликанс 143:130, Лука Дончиќ уфрли 46 поени (12/22 за два, 5/8 за три и 7/9 слободни фрлања) со 8 скока и 12 асистенции.

Гатузо има неверојатен карактер

Тренерскиот занает е суетна работа, особено кај најекспонираните лица и навистина ретко признаваат кога грешат. Рино нема проблем со тоа и ако треба спремен е да понесе одговорност како тренер на Наполи кој се наоѓа на незадоволителната шеста позиција. Може да не го сакате, ама може и да учите од неговата зрелост како човек.

10 години од епските ножички на Руни

Нема навивач на Манчестер Јунајтед кој ќе го заборави ова ремек дело, ама нема да има таков ниту од Манчестер Сити. Ептен мајсторски и ептен врвно изведено, плус во градско дерби. Дами и господа, акробацијата на Вејн Руни од сите агли.

Приказна за еврејски боксер кој имал 208 меча и боксувал со германски официри во Аушвиц

Малку е позната историјата на Саламо Арух кој го поминал пеколот Аушвиц и само благодарение на дарбата за бокс успеал да спаси жива глава.

УЕФА ја претстави Македонија од рекордерите Пандев и Мрме, корнерот на Шаќири до Барди и Чоко

На четири месеци до деби настапот на ЕП, во фокусот на УЕФА е нашата фудбалска репрезентација претставена со кус осврт на најважните мигови од историјата. Има и еден податок од 1960 кој веројатно не сте го знаеле.