Дваесет и четиригодишниот Пау Торес е стопер на репрезентацијата на Шпанија и на Виљареал. Тој ќе го памти летово уште многу долго.
Младиот дефанзивец на „жолтата подморница“ одигра неверојатни пар месеци во кои дури 8 натпревари по ред му беа со продолженија и во кои оствари 5 победи и претрпе 3 порази. Последниот му беше против Челси во Суперкуп на УЕФА одигран во Белфаст, на само 4 дена после Олимпиското финале во Јапонија против Бразил исто во продолженија.
Ако се земе дигитрон и се пресмета, ќе се види дека Пау Торес одиграл 1.273 минути врвен и ултра напорен фудбал за само два месеци. И тоа не после одмор, туку веднаш после ковидна сезона во која Торес за 9 месеци за Виљареал одигра 33 натпревари во Ла Лига, 9 во Лига Европа и 2 во шпанскиот Копа дел Реј.
Од септември лани (2020) до денес, Пау Торес собрал 5.911 минути фудбал!
4 јуни: пријателска средба Шпанија - Португалија (62 минути)
14 јуни: Евро 2020: Шведска - Шпанија (90 минути)
19 јуни: Евро 2020: Шпанија - Полска (90 минути)
23 јуни: Евро 2020: Хрватска - Шпанија (48 минути)
2 јули: Евро 2020: Шпанија - Италија (11 минути)
17 јули: пријателски меч: Јапонија - Шпанија (90 минути)
22 јули: Олимписки Игри: Египет - Шпанија (90 минути)
25 јули: Олимписки Игри: Шпанија - Австралија (90 минути)
28 јули: Олимписки Игри: Аргентина - Шпанија (90 минути)
31 јули: Олимписки Игри: Шпанија - Брег на Слонова Коска (120 минути, 90 + продолженија)
3 август: Олимписки Игри: Јапонија - Шпанија (120 минути, 90 + продолженија)
7 август: Олимписки Игри: финале Шпанија - Бразил (120 минути, 90 + продолженија)
11 август: Суперкуп на УЕФА: Челси - Виљареал (120 минути, 90 + продолженија).
Дали со Педри ќе одат на одмор, тоа не се знае зошто шпанската Ла Лига почнува веќе викендов.