Волонтерката Тијана му дала пари за такси, стигнал на време и освои златен медал

Една од најневеројатните стории од Летните Олимписки Игри во Токио кои штотуку завршија, е поврзана со една волонтерка по име Тијана Стојковиќ и со Јамајчанецот Хансл Парчмент кој освои златен медал.

Неколку дена по крајот на Олимписките Игри во Токио Хансл Парчмент кој освои злато на трката на 110 метри со пречки и сензационално го победи големиот фаворит Грент Холовеј, за малку немал да стигне на самата трка.

Парчмент изненадно пред 9 години освоил бронзен медал на Олимписките Игри во Лондон.

Денот на финалето на 110 метри со пречки, 31-годишниот Хансл Парчмент од Јамајка влегол во погрешен автобус. На себе имал слушалки и поради музиката не слушал што разговараат другите олимпијци во автобусот, па не ни сфатил на каде оди.

Кога се свестил, видел дека наместо на атлетскиот стадион завршил во пливачкиот центар кај олимписките базени.

Го фатило паника дека нема да стигне на време а официјалните лица му објасниле дека во тој момент единствено чаре да се врати во селото е да седне во вистинскиот автобус. Но тоа би му одзело многу време за да се подготви за најголемата трка во животот.

Во еден момент се појавила 25-годишната волонтерка Тијана Стојковиќ од Србија се понудила да му даде пари за такси, за атлетичарот да стигне на време директно на стадион. Јамајчанецот (31) стасал за кратко и адекватно се загреал за трката.

А таму освоил златен медал за кого го славеа во земјата на Усеин Болт, најбрзиот човек на сите времиња.

Хансл Парчмент само што го освоил златото, решил да ја пронајде Тијана и да и се заблагодари на помошта. Два дена по фамозната трка, сјајниот атлетичар на својот Твитер профил објавил видео на кое и се заблагодарува на Тијана која што ја пронашол повторно кај автобуската станица и јавно и се заблагодарува со зборовите дека „она била клучот на успехот што дента стигнал на време на финалето“.

Атлетичарот ѝ подарил маица и ѝ вратил пари за таксито.

Видеото го споделил и премиерот на Јамајка, Ендрју Холнс кој ја поканил Тијана Стојковиќ да биде гостинка во Јамајка.

„Многу сум благодарна на сите. Ова е подарок од драгиот Хансл и совршено ми стои. Фала многу, драг Хансл! Благодарност до сите вас за љубезните пораки“, напишала Тијана Стојковиќ на Инстаграм. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Trijana (@d_treefairy)