Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

И со славјето се претера

Јасно е дека се Европски прваци и дека најмногу го изедоа лани во карантин, ама во овој едноминутен микс со италијански навивачи има и неубави сцени произлезени од преголемо опуштање.

Шампионското тениско трио во бројки

Како и да ја вртиме, сите тројца се шампиони и творци на едно од најголемите спортски ривалства. Никогаш повеќе нема да биде ист тенисот кога ќе се пензионираат, а се ближи тоа време.

Комити згрмеа на првиот тренинг на Вардар

По долгата и неизвесна сага, ФК Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која за прв пат во историјата ќе игра во втора лига. За Комити тоа ништо не менува во однос на поддршката. Дојдоа и одржаа говор пред фудбалерите.

Делириум во Рим, Милано, Неапол, па дури и во Глазгов и Австралија - како славеа Италијанците

Неколку дена Англија на „тивок оган“ ја крчкаше прославата на историска победа на Европско првенство и тоа домашно, но празникот се славеше на друго место.

Архитектот на убавата Италија која игра допадлив фудбал како никогаш

Не беше лесно да се врати ентузијазмот на Италијанците после фијаското со Вентура и мачните карантински денови во кои беа врзани дома. Манчо успеа во тоа и покрај победите, го врати духот и ја обедини репрезентацијата која заслужено е на тронот на Европа.

Надал и Федерер му пратија поздрави на Новак

По големиот триумф на Вимблдон 2021, Новак Ѓоковиќ изјави дека ќе му требаат неколку дена да се одмори, да се освежи па ќе се изјасни околу тоа дали ќе игра на Олимписки Игри во Токио.

Како се однесуваа оние кои на цел свет му држат лекции како да се однесува

По спокојното Светско првенство во Русија 2018-та каде не смееше пиле да помине и хулиганите знаеа што ги чека ако направат и најмал проблем, пред и по финалето во Лондон полицијата во неделата вечер не можеше да ја смири толпата.

Италијанките тоа го прават најдобро, втор дел

Полуфинале и финале не е исто. Пехар е веќе поконкретна работа и не се слави на балкон. 

Борецот кој 17 години крвареше за својата Италија и на крај стана европски шампион

Ако некој од сите стотици фудбалери кои играа на Европското првенство летово заслужи да му се израдува на големиот и скапоцен пехар, тоа со сигурност е и најхрабриот воин Џорџо Кјелини, столбот на Италија.

Екстаза во фан зоната во Рим

Историската ноќ на Вембли се следеше организирано на плоштад во главниот град на Италија. Пеналите ги коментираше спикер на страствен начин кој уште повеќе ја запали атмосферата кога Донарума го фати пеналот вреден пехар.

Избран најдобриот фудбалер на Европското

Има само 22 години а веќе може да се пофали со еден куп натпревари за славниот Милан и со злато на Европско првенство со Италија. Летово е пред богат трансфер во ПСЖ а круна на сите добри партии му е престижната награда - најдобар играч на цело Евро 2020.

Исфрустрираноста на англиските навивачи

Репрезентативците на Англија одиграа блед и дефанзивен фудбал против Италија, речиси 90 минути, а полоши од нив синоќа беа само нивните навивачи кои не бадијала уште на времето си го заработија статусот на хулигани.

Поенот со кој Новак му покажа на Беретини кој е кој

Во моментот кога изгледа дека е нападнат и се обидува очајнички да се одбрани, тогаш е најјак. Матео беше блиску до брејк во четвртиот сет со кој ќе поведеше со 4:2 и ќе сервираше за голема предност која ќе го доближеше до 2:2 во сетови. Но Ѓоковиќ токму во тој момент го направи потегот на мечот.

Епска драма на Вембли, Италија европски шампион!

Во финале на лондонски „Вембли“ кој крцаше до последно место, Италија ја совлада Англија 3:2 на пенали по нерешените 1:1 во регуларен дел и продолженија и втор пат во историја станаа европски прваци.

Незапирливиот Ѓоковиќ го освои Вимблдон и ги стигна Надал и Федерер

По Австралија Опен и Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го освои и третиот сезонски Гренд слем турнир откако во финалето на Вимблдон беше подобар од Матео Баретини. 20-та Гренд слем титула за Србинот за израмнување со двајцата најголеми ривали.

Мајсторот од достава на пица прослави титула со домаќините

Проблемите со пандемијата отидоа во втор план во Аргентина. На улиците на Буенос Аирес и другите градови во земјата излегле илјадници луѓе за да го прослават шампионскиот трофеј на Копа Америка. Еден доставувач на пица случајно се затекнал пред крајот од мечот на адреса. Го примиле и славел со нив.

Химната на Италија на ЕП 1988

Малдини, Барези, Донадони, Анчелоти, Манчини, Виали...состав боли глава. Полуфинале против СССР кога Холандија со Ван Бастен стана европски првак. Други времиња се ова, со големи разлики. Химната грми со оркестар, ама фудбалерите се срамежливи, освен Валтер Ѕенга.

Најемотивната прегратка во Копа Америка

Ривалството е големо, ама и пријателството. Делеа врвни мигови заедно во Барселона, па дури еднаш за натпревар меѓу двете нивни репрезентации, Нејмар му рече ај со мојот авион накај дома. Честитки за среќниот Меси, утеха за скршениот Нејмар. Убави и поучни се ваквите моменти.

Кој ќе освои ЕП?

Босна одговара царот дека ќе освоела Европско, а кога го праша репортерката кој му е фаворит, вели не знам. Потоа ги извади наочарите за да поентира.

Меси плачеше од среќа, 14 години се бореше за титула на Копа Америка

На свои 34 години, после 5 обиди и 3 порази во финале на Копа Америка, Лионел Меси го оствари својот голем сон и стигна до пехарот со својата Аргентина. И тоа среде Рио Де Жанеиро.

Меси го освои најдрагиот пехар - Аргентина е шампион на Копа Америка

Во финалето на највредниот фудбалски турнир на Јужна Америка, Аргентина го совлада Бразил со 1:0 и после цели 28 години стигна до драгоцениот пехар по кого Лионел Меси тргнуваше 5 пати од кои 3 пати губеше во финале.

Не го оставајте сам директорот на Милан

По долга пауза, Милан се враќа во новата сезона во Лига на шампиони. Три фронта не се наивна работа. Ако на Ибра му треба засилување во напад, може Иван Газидис да му се придружи. Погледнете каков егзекутор е.

Италијанките тоа го прават најдобро

Имаме голем пропуст после полуфиналето Италија - Шпанија. Сме го испуштиле најјакото славје на жабарите.