Шведскиот селектор е најголем мераклија за хот-дог, добил и мастер диплома за љубовта кон овој сендвич

Долгогодишниот селектор на фудбалската репрезентација на Шведска Јане Андерсон негува посебен однос кон хот-договите. Навивачите на Шведска, а посебно жителите на градот Халмштад одамна му ја знаат оваа слабост кон вековниот сендвич со виршла.

Јане Андерсон е роден во Халмштад, универзитетски град на реката Нисан, на југо-западот од Шведска со население од околу 70.500 жители. Во овој град тренирал фудбал, а подоцна и станал тренер. Заедно со менаџерот на екипата, Андерс Смит, Јане Андерсон ги пробал сите можни хот-догови (или хот-дози како ви е позгодно) во градот.

Јаделе хот-дог пред секој домашен и гостински натпревар.

А сега од неодамна шведскиот селектор добил признание и на државно ниво. Замислете, во Шведска имало Колбасна академија (чудно звучи) која постои веќе 30 години и од таму врачуваат специјални признанија а сите кои во текот на животот го популаризирале колбасот, виршлата.

Јане Андерсон добил награда: диплома за „вечна љубов кон хот-догот и мастерски пи-ар на виршлата“. На специјална гала вечера тој добил и признаница во рамка на која имало и колбасица боцната со вилушка која што ја создал уметникот за стакло, Киел Енгман.

Заслужена награда за најголемиот мераклија за колбасици и виршли во светот на фудбалот:

Селекторот кој е на прагот Шведска да ја однесе на уште едно Светско првенство, овојпат или директно или преку бараж, е пресреќен за признанието кое го добил:

„Ова е неверојатно. Трогнат сум. Си мислам колку виршли сум изел низ годиниве, можам да кажам дека сум добар претставник. Но дури не ни очекував дека ќе добијам ваква награда. Сум бил на еден куп стадиони во Шведска. И каде и да одам, секогогаш барам хот-дог. Кога одам на натпревар, доаѓам половина час порано и си купувам хот-дог. Пред судиската свирка за почеток јадам уште еден. И тогаш мечот може да почне“, вели Јане Андерсон.

Тој често доаѓа на тренинг, на натпревар или на прес-конференција со хот-дог во рака. Просто е вљубен во овој сендвич.

Главниот готвач во репрезентацијата на Шведска, Матс Брострем знае за љубовта на селекторт, па често знае да му спреми добар колбас. Пред Светското првенство 2018 во Русија куварот на Швеѓаните рекол: „Да, земавме со нас лепињи и краставички, но не и колбаси и виршли. Мислиме дека Русите имаат стварно доби колбаси“.

Пред првиот меч на тој Мундијал, селекторот „мавнал“ еден хот-дог и тоа му станало традиција. Ја победија Јужна Кореја на отворањет.

„Јас тогаш многу се зачудив, но сфатив дека треба така да правам почесто. Традицијата работеше на сите натпревари на кои освоивме бодови. А за испаѓањето во четвртфинале? Епа изгледа ми дадоа слабо испечена виршла“, рекол Андерсон.

Неговата страст за хот-дог е толку стара што во Шведска дури имало и интервју на темата и тоа во 2009-та.

Новинарот го прашува:

„Велат дека вие и менаџерот на екипата Андерс Смит тестирате хот-дог на сите шведски стадиони?“

- Да, обично пробуваме по еден-два на секоја арена, додека играчите се загреваат.

„Дали идеалниот хот-дог е со леб?“

- Не треба да биде многу воденест и мора да има многу месо.

„Сенф, кечап, похован кромид“?

- Само сенф и кечап.

„Каде има најдобар хот-дог“?

- На стадионите периодично се менуваат готвачите, но „Седерстадион“ (до 2013-та таму играл стокхолмски Хамарби) веќе неколку години се наоѓа на врвот. И кај нас на „Ерланс Вал“ (стадионот на клубот Халмштад) е многу добар.

„Најлош“?

- Не, не, не сакам никого да судам.

„Што сакате сега во моментов најмногу за јадење“?

- Добри колбаси со леб.

Види и:

Атмосферата на големото дерби во Шведска

9 ноември 2021 - 10:00