Да не го заборави некој Хулк во меѓувреме?

Кај се заборава таква левица. Живанилдо Виеира де Соуза познат во светот како Хулк (по ликот од анимираниот филм) има 35 години. Игра за лидерот во најсилната бразилска лига Атлетико Минеиро кој е убедливо прв со 68 бода и на прагот на шампионска титула. Во големото дерби го растурија Коринтијанс со 3-0 а Хулк го даде третиот гол. Интересен гол даде и Диего Коста, првиот на мечот.

За Атлетико Минеиро игра и Диего Коста кој на 10 меча (4 како стартер) сезонава дал 4 гола и има 1 асистенција. Ѕверот сезонава има 12 гола и 7 асистенции на 29 меча. Ова беше 13-та победа по ред дома на Атлетико Минеиро во бразилската Серија А.

 

11 ноември 2021 - 09:18