Секогаш прво изброи до 10 е советот на Хендерсон

Вест Хем под водство на одличниот Дејвид Мојс го има најдобриот старт во историјата. „Чеканите“ се на трето место со четири победи по ред и 23 освоени бода. Последно го урнаа големиот Ливерпул со 3:2. На тој меч во еден момент се повреди домашниот стопер, Италијанецот со африканско потекло, Огбона. Капитенот на „црвените“ првин од далеку му викаше да стане и да не глуми, ама кога видел крв на лицето на стоперот, му се извини.

11 ноември 2021 - 09:04