Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Сандро Тонали со идентична мајсторија ала Пирло

Големата надеж на Милан не можеше да посака поубав деби гол за Росонерите. Првата сезона имаше 37 настапи на сите натпреварувања, но не успеа да стрела и еве го сега уште во 2. коло против Каљари по само 12 минути со слободен удар кој нема да го заборави.

Апсурден поклон во 95-та минута за шампионот на Шпанија

На фудбалерите на Виљареал убаво им тргна на мечот против Атлетико Мадрид и на два пати имаа водство, но сепак остануваат без победа по првите 3 кола. Крајот во судиското продолжение не можеа да го одиграат полошо. 

Поништениот гол на Пандев за кој се кренаа полемики

Елиф Елмас ја доби “македонската пресметка“ во Џенова со 1:2 во дуел на кој настапија и двајцата наши фудбалери. Фудбалерите на Наполи се смееле за поништениот гол на Горан Пандев, тврди тренерот на Џенова.

Марио најдовте да го вадите од игра?

Можеби не се знаеле, ама Марио Балотели по авантурата во Монца, летово замина во Турција и потпиша за новиот прволигаш Адана Демирспор. По две кола неговиот тим нема победа и при резултат 0:0 во 56-та минута тренерот реши да го седне на клупа. Балотели беше ифрит лут.

Лузер на денот

Кристијано Роналдо ќе прави трансфер во Манчестер Сити? Да не го видам, ни него, ни дресот.

Хит прослава на навивач за трансферот на Роналдо

Весело беше денеска пред Олд Трафорд. Додека репортер на Скај Спорт известуваше за бомбастичниот кам бек на Кристијано Роналдо, камерманот со право ја вртеше камерата на лево.

Кам бек на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед

Во исто лето и ист месец пукнаа двете најголеми бомби во светскиот фудбал. Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, Кристијано Роналдо од Јувентус во Манчестер, ама во Јунајтед, а не Сити како што се шпекулираше.

Добра вечер и на тебе сестро

Благодарение на Дилета Леота, италијанскиот фудбал стана уште поатрактивен. Украина се реши да оди по истите стапки.

Ако се пласираме во Лига Европа, гол ќе го држам пресот

Меѓу 32-те екипи учесници во второто по ранг клупско европско натпреварување има и дебитант од Белгија кој не знаеше како да се дорадува за историскиот успех. Посебно тренерот.

Се извлече и ждрепка за новиот турнир Лига на Конференции

Добивме групи во елитната Лига на шампиони, дознавме групна фаза и за Лига Европа, а УЕФА церемонијата во Истанбул се затвори со ждрепка за новото натпреварување во европскиот клупски фудбал. Мурињо со Рома и Нуно Еспирито Санто со Тотенхем се главни фаворити за трофејот.

Жената на судијата, дежурен кривец во мак фудбалот

Стартуваше второлигашкиот фудбал во Македонија со Вардар кој одигра 0:0 против Кораб на гости. Одиме со еден момент од средбата во Гостивар, каде Воска Спорт од Охрид славеше 0:4. Тензиите после добиен црвен за играч од домашниот тим се одвиваат на доста познат начин.

Лига Европа: Супер интересна ждрепка, извлечени групите

По ждрепката за ЛШ која донесе спектакуларни групи, попладнево во Истанбул се влечеше и ждрепка за Лига Европа. Елмас и Наполи ќе играат во интересна група. Од балканските клубови Динамо и Звезда добија противници по мерка.

Во Варшава комична кореографија против УЕФА

Навивачите на Легија тврдокорно одат до крај во војната со УЕФА. Скоро една деценија европската куќа на фудбалот го казнува полскиот шампион и парично и со затворени трибини, ама навивачите на тимот од Варшава не попуштаат. Секој пат ја напаѓаат УЕФА дека е мафија, дали преку песни дали преку кореографии.

Ој му не знае Жозе

Ново шоу на Мурињо на аут линијата после она против Фиорентина. Рома синоќа играше во Трабзонспор во квалификациите од Конференциската лига, а Жозе тргна да го чува крилото.

Ждрепка за Лига на шампиони: Николов против Реал Мадрид и Интер, ПСЖ на Сити

Вечерашната ждрепка за групната фаза од новата сезона во Лига на шампиони донесе фантастични групи и навивачите ќе гледаат неколку мегдани.

Македонката која беше дел од тениското финале на Олимписките игри во Токио

За нејзе судењето претставува пасош за слободно движење во цел свет, кое и има отворено врати во преку 60 држави. Меѓу нив има и светски настани како Паралимпијадата во Рио, Олимпијадата во Токио, четири Ролан Гароси, два Вимблдон турнири. Браво Анета.

Во Белгија донесен закон да можеш без проблем да си ја земеш топката од двор кај комшијата

Многумина од вас ќе се сетат како во детството топката им летнала во двор кај лутиот комшија кој неколку пати бесно вика дека ќе ја распара ако ја начека. А вие играте „кој даде гол победник“ и се решава мечот кој трае со саати.

Шампионски настап на Новак и Лола

Добро, знаеме дека е број 1 тенисер во свет, дека е полиглота, дека го бива за имитирање и слично, ама не може и Симон Трпчевски да биде.

Физиотерапевтот на Марсеј што нокаутираше навивач на Ница, може да се прости со фудбал

Ница и Марсеј се соочуваат со големи казни по хаосот кој го направија во Лига 1. Еден учесник во тепачката со навивачите на домаќинот сега го чека долгогодишна суспензија.

Да ви покаже чичо како се игра баскет

Не е мит, се случувало во секое маало да дојде некој повозрасен господин во шорцеви и да ви покаже како се фрла хорок со извик: „Диваац“. А овој чичко им покажа една друга, школска фора.

Во Битола Иниеста би го викале Сефо

Јапонците се привилегирани веќе четврта сезона во живо да го гледаат доктор Андрес Иниеста кој на 37 години меша на терен како да е едно 10 години помлад. Сите негови убави потези од дуелот Висел Кобе - Оита Тринита ги стокмиле во 83 секунди.

Навивачка верност на колото

Фудбалерите на Брондби не успеаа да ја минат последната пречка за влез во групи во ЛШ. Салцбург ги доби и двете средби со 2:1. Но се разбира тука нивната сезона не завршува. Имаат навивачи со кои треба да се гордеат.

Монако со ужасно несреќен автогол се елиминираше од ЛШ

Рубен Агилар тешко дека успеал да заспие синоќа после оваа случка на реванш плејофот за ЛШ меѓу Шахтјор и Монако. Во обид да скрати додавање, ни крив ни должен си ја закопа во гол и тоа во 114-та минута.

Како студениот Норвежанец од крајниот север стана крал во топлиот турски Трабзон

Престојот на младиот норвешки центарфор Александер Сорлот во северо-источна Турција дефинитивно заслужува документарка на Нетфликс. Фудбалот стварно чуда прави.