Offside

Во Париз од 31-ви јули од 16-ти август се одржа Европското првенство во водни спортови, а најмногу медали освоија Велика Британија, Италија и повратникот Русија.

Слободниот удар и рекордот на Модриќ

Четирикратниот освојувач на ЛШ со Реал го газат годините. Има 36 лета, ама никој не може да му ја одземе фудбалската интелигенција и форма, без разлика што е во рангот на ветерани. И на овие години игра и стрела за репрезентација, а со израмнувањето против Словачка постави и еден интересен рекорд.

Германија освежена со Ханси Флик - 5 победи и гол разлика 18:1, млади играчи за блескава иднина

Германската фудбалска репрезентација се опорави по шокантниот пораз од Македонија во Дуизбург, во продолжение лагодно ги одработи квалификациите и пред време обезбеди карта за Светско првенство 2022.

Матеус на 15 степени се тресеше од студ во Скопје

Атрактивната Германија на Градски дојде со атрактивна водителка, ама и атрактивен гостин кој е една од најголемите фудбалски легенди и рекордер по број на репрезентативни настапи. Според овие фотки, некој ќе помисли дека е сликан на Лужники во Москва.

Не требаше да му вадиме лична карта

Беше предмет за потсмев после онаа историска мартовска победа на Македонија над Германија, но синоќа ни врати дупло.

Германија убедливо ни врати за Дуизбург

Македонската фудбалска репрезентација немаше сили за уште една сензација против една од најмоќните селекции во светот. Германците се одмаздија за неочекуваниот пораз на првиот дуел и го заверија пласманот на Мундијалот во Катар.

Згрми химната на Македонија

И покрај лошите временски услови, македонската фудбалска репрезентација има целосна поддршка од трибините. Националната арена е исполнена до половина, колку што дозволуваат протоколите. Уживајте во воведот на првото гостување на поранешниот светски и европски првак во Скопје.

Германците монтираа студио на Градски

За гостувањето против Македонија, РТЛ пристигна во Скопје со шест шлепери техничка опрема, 110 луѓе персонал, а нa ќошот меѓу Северна и Источна трибина направија импровизирано студио во кое се појави германската легенда Лотар Матеус, во својство на стручен коментатор.

112 гола против 46 различни репрезентации

Португалија со 3-0 го совлада Катар којшто игра формално во група од квалификациите за Светско на кое е пласирана селекција како домаќин. Кристијано Роналдо го отвори резултатот и постави нов рекорд. Сега има 181 натпревар за својата земја, 112 гола против 46 различни селекции. Неверојатно.

Во неверојатна борба Тајсон Фјури го нокаутираше Вајлдер

Голем спектакл во битката за WBC појасот во тешка категорија донесоа Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер. 11 рунди врвен бокс и триумф на „Кралот на циганите“.

Патетичен потег на Бурак Јилмаз

Турците одиграа 1:1 против Норвешка во мундијалските квалификации, резултат кој не им одговара, бидејќи со победа ќе беа втори. Јилмаз се обиде да изнуди пенал на најбуљашки начин и ептен се посрамоти.

Сезоната во НБА уште не е почната, а Јокиќ веќе асистира како што сака

НБА тимовите со контролни натпревари се загреваат за новата сезона која стартува за 10 дена. Шоуто го најави Дончиќ уште на загревање, а Јокиќ против Минесота сервираше пас како на фудбал. Како круша ја фрли и му ја даде на тацна на Арон Гордон.

Лука Дончиќ даде многу чуден кош

Далас Маверикс го совлада ЛА Клиперс 122-114 во меч од пред-сезеоната. Лука Дончиќ одигра 18 минути, имаше 14 поени, 8 скока и 9 асистенции. Ама она што го направи на загревањето досега е ретко видено на кошаркарските паркети.

Синот на легендарниот Хаџи сам ја изработи одбраната на Германија

Јанис има 22 години и 2 репрезентативни гола на 21 настап. Дебитантскиот го даде против Македонија токму во овие квалификации, кога ја реши на крај за 3:2. Синоќа ги покоси Германците, лесно и мајсторски.

Голманот на Велс го направи киксот на месецот

Велс успеа да извлече златен бод во Прага против Чешка (2:2) и да ги задржи шансите за второ место и бараж за Светско првенство. Сега имаат по 8 бода со Чесите кои синоќа поведоа 2:1 на старт на вториот дел по една кардинална грешка на голманот на Лестер Дени Вард.

Што ја чека Македонија до крајот од патот за Светско првенство?

Добри се впечатоците од гостувањето во Вадуз. Македонија победи убедливо, дебитираа новајлиите Миовски и Ракип кои може да дадат нов тон во играта. Што ги чека фудбалерите до крајот на квалификациите?

Убедлива победа на Македонија, од второ место продолжува борбата за Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација со 0-4 го декласираше Лихтенштајн на гостински терен и направи голем чекор во борбата за второ место во групата на патот за Светско 2022.

Трофеите кои ги подигнаа фудбалерки од Шпанија

Леганес и Хетафе во една прилика играа финале во локалниот Куп, а вака изгледаат златниот и сребрениот трофеј кои им припаднаа на женските екипи после мечот.

И Португалија У-21 како Македонија, 11 гола со Лихтенштајн

Младинската репрезентација на Португалија со 11-0 го совлада Лихтенштајн во квалификации за Европско првенство У-21. Португалците на полувреме водеа 9-0, во втор дел дадоа уште два а речиси цел меч пробуваа гол со ножички. Му успеа на 20-годишниот Гонсало Рамос од Бенфика кој постигна четири гола.

Парагвајците збеснаа по Меси

Во Јужна Америка се играше 9. квалификациско коло за Мундијалот во Катар. Бразилците со 9 од 9 се неприкосновени лидери, а без пораз е и Аргентина, но со 5 победи и 4 нерешени. Синоќа одиграа без голови на гости против Парагвај. Домашните навивачи не го оставија Меси да здивне.

Нов играч во НБА виткаше обрач во пред-сезона

Џејмс Букнајт има 21 година. Летово како 11-ти пик беше одбран од Шарлот Хорнетс со кого потпиша договор на 3. август. На мечот со Мемфис Гризлис како подготовка за новата НБА сезона Букнајт уфрли 17 поени со 4 скока за 26 минути на паркетот. Во еден момент заби неверојатно и покажа дел од муницијата за новата сезона.

Пандев: Неискуството на селекторот си го направи своето, моравме да освоиме повеќе бодови

Поранешниот капитен и легенда на македонската репрезентација верува дека Македонија уште има шанси да се пласира на Светско првенство, но ќе мора да помине потежок пат.

11-те гола на Македонија против Лихтенштајн

Мислевме дека Јутјуб не држи снимка од рекордот на Македонија, стар 25 години, ама изненади. Тони Мицевски ги излета тројца како деца, плус голманот, Митко Стојковски ја опали опасно со левица, а Дејви Главевски дебитираше со хет-трик за репрезентација.

Која е дамата која ги донесе најбогатите Саудијци и Катарци во Премиер лигата?

Њукасл и официјално премина во сопственост на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Фронтмен на целата зделка е Аманда Стејвли, британска бизнисменка која со години е на насловни страни во тамошните таблоиди.

Нека се спрема Европа, навивачите на Њукасл слават, клубот го купи фонд од Саудиска Арабија

Сонот на навивачите на Њукасл се остварува - омразениот Мајк Ешли со кого со години водеа војна конечно го продава клубот и ќе му го видат грбот. Њукасл го купува државен инвестициски фонд од Саудиска Арабија (PIF – Public Investment Fund) - најбогат фонд на светот. Зделката е официјална, објави и Премиер лига.