Во Шангај отворен голем музеј и откриена 7-метарска статуа на Кристијано Роналдо

Во кинескиот град Шангај отвориле филијала на музејот на Кристијано Роналдо. Откриена е огромна статуа посветена на најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина.

„Секој гол, секој трофеј, секој рекорд. Сега и во Шангај. Музејот CR7 во Шангај е официјално отворен. Нурнете во приказната за најголемиот играч на сите времиња и погледнете го подетално од кога и да е“, стои на страницата на музејот на Кристијано Роналдо во Кина.

Музејот на Роналдо бил отворен во Шангајскиот трговски центар № 1 на Источната Нанкинска улица. Експозицијата која зафаќа 3.000 квадратни метри се наоѓа на третиот спрат од корпусот C во трговскиот центар и таа станала прв проект од таков вид во континентална Кина, пишува AusLeisure.

Пред влезот на музејот стои статуа на португалската ѕвезда висока седум метри. Според авторот тоа е највисока статуа на еден фудбалер во полна големина на светот.

Внатре во музејот посетителите можат да го следат животниот пат на Роналдо - од детството на островот Мадеира до светската фудбалска слава. Меѓу ескпонатите се наоѓа и реконструкција на собата во која живеел на почетокот на кариерата во Спортинг (меѓу другото тука е и розовата постелнина и натпис на ѕидот кој го потсеќал на неговиот детски сон да стане најдобар играч на светот) како и дневна соба, соблекувални и подтрибинскиот простор кои изгледаат исто како оние од саудискиот клуб на Роналдо Ал Наср.

Повеќе од 50 експонати меѓу кои и трофеи, дресови носени на фудбалски натпревари и фудбалски копачки допремени се во Шангај од Фуншал, родниот град на Кристијано каде има голем музеј во негова чест. Меѓу најзначајните предмети во филијалата на музејот во Шангај се наоѓаат неговата „Златна топка“ од 2008 година, освоениот пехар од Европското првенство како и пар копачки кои Роналдо ги носел на некои натпревари.

Колекцијата содржи и дрес посветен на неговиот јубилеен 350. гол за Реал Мадрид кој го потпишале поранешниот тренер Зинедин Зидан и бројни играчи. Покрај тоа во музејот е изложен и дрес кој лично Кристијано Роналдо го потпишал со свој автограм за изложбата во Шангај.

24 ноември 2026 - 11:32