Дончиќ и Јокиќ се поигруваа, Далас растура

Со 34 поени, 9 скока и 8 асистенции, Никола одново ги носеше Нагетс до нов триумф, овојпат 117-111 против Детроит Пистонс. На центарот кој во моментов е прв кандидат за МВП титулата во регуларниот дел, му требаше малку за нов трипл-дабл, но благодарение на неговите погодени слободни фрлања на крајот се реши победникот.

Лука Дончиќ игра како воопшто да не паузираше. Иако со еластична терапевтска лента на вратот поради укоченост, младата суперѕвезда од Љубљана за 38 минути постигна 37 поени (13/25 за два, 2/7 за три) со 11 скока и 9 асистенции.

Неговиот Далас Маверикс славеше против силниот Мемфис 104-91 и ја забележа четвртата победа на домашен паркет на последните пет меча и 11-та на последните 13 средби. Тимот на Џејсон Кид игра во врвна форма.

Кај Мемфис очекувано најефикасен најдобриот нивен играч Џа Морант со 35 поени.

Мавси имаат 27 победи во моментов а сега ги очекуваат две гостувања, прво во Сан Франциско против Голден Стејт а после во Портланд.

Неверојатно забивање поради кое цела сала во Орландо се држеше за глава

24 јануари 2022 - 11:29