Неверојатно забивање поради кое цела сала во Орландо се држеше за глава

Убедливо најслабиот тим во цела НБА лига сезонава, Орландо Меџик (учинок 9-39), направи изненадување и со 114-95 го совлада Чикаго Булс за само деветти триумф на 48 меча. Прв стрелец беше Мориц Вагнер со 23 поени, а Џален Сагс освен што постигна 15 поени со 5 скока и 7 асистенции, имаше и страшно забивање преку Демар Дерозан.

Од друга страна, ДеМар ДеРозан врз кого Сагс заби, одигра блескав меч со 41 поен, 5 скока и 3 асистенции но залудно зошто Булси изгубија. 

24 јануари 2022 - 11:05