Швеѓаните не беа фаворити во дуел со посилната Норвешка, а првата групна фаза ја минаа само со една победа, онаа против БиХ.
Но како тргнаа, сите ги згазија во втората фаза: Русија со +6, Полска со +10, Германија со +4 и на крај и Норвешка со +1. Како што може да видите, ниту еден лесен залак.
Иако ослабени поради отсуствата на неколку клучни играчи поради ковид, Швеѓаните покажаа цврст карактер и со херојски пресврт ја срушија Норвешка и се пласираа во полуфинале.
На полувреме губеа 14:9, а на 5 минути до крај 23:19. Ништо не навестуваше дека тука може да се случи пресврт, но кога голманот Петар Јохансен почна да реди извонредни одбрани, дополнително ги мотивираше своите соиграчи да се борат до крај.
По серија од 4:0, Шведска доби пенал, а го шутираше 21 годишниот Валтер Хринц за конечни 24:23. Во последните 10 секунди Норвежаните тргнаа до напад, а Сагосен биеше очајно над гол.
Ова е седмо полуфинале на Европските првенства за Шведска, а за финале ќе треба да го совлада првопласираниот од другата група, а тоа е во моменотв Данска, која ќе им остане противник само ако вечерва не загуби од Франција со која игра директен дуел.
🤯 Just watch this. @hlandslaget 🇸🇪 vs @NORhandball 🇳🇴#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/k9f8hLXqF1
— EHF EURO (@EHFEURO) January 25, 2022