Садио Мане покажа како се игра за својата земја, повреден даде важен гол па излезе од игра

Големата ѕвезда на Ливерпул е идол на многу деца во Африка. За разлика од други негови колеги, иако можеше да остане во комфорот на англиската Премиер лига, реши да оди на Купот на Африка и да игра за својот Сенегал. Веќе постигна многу важен гол и тоа незгодно повреден.

Купот на Африка секојдневно носи интересни фудбалски сценарија. Едно од поневеројатните беше она на мечот меѓу домаќинот и главен фаворит за титулата Камерун против Комори каде левиот бек на гостите мораше да брани зошто сите голмани им беа повредени или отсутни поради позитивни тестови. И бранеше феноменално.

Во вторникот вечер Садио Мане стана главен херој на мечот на неговиот Сенегал против Зеленортски острови.

На оваа средба уште во првиот дел ривалот на Сенегал остана со играч помалку (којзнае кој црвен картон веќе на Купот на Африка). Патрик Андраде грубо го фаулираше Папис Сисе и судијата откако гледаше ВАР, му даде директен црвен картон.

Но Сенегал не го искористи тоа и првиот дел заврши 0:0.

Во 57' минута голманот на Зеленортски острови Возиња тешко го фаулираше Садио Мане кој при сударот доживеал потрес на мозок и остана да лежи на земјата. Остана легнат и голманот Возиња па додека судијата гледаше ВАР снимка и му покажа директен црвен фаул за грубиот прекршок, голманот го изнесоа на носилки надвор од теренот:

Зеленортски острови останаа со деветмина играчи на терен.

Но Мане не само што стана туку после само 5 минути постигна прекрасен гол за водство на Сенегал. И тоа зашеметен од ударот кој го доби од голманот

Нокаутот кој го претрпе неколку минути претходно остави последици па Мане поради вртоглавица мораше да го напушти теренот.

На негово место влезе Амаду Бамба Диенг од Марсеј кој во судиското продолжение, во 90+2' минута ги постави конечните 2-0. 

Голот на суперѕвездата на Ливерпул беше негов втор на турнирот, единствениот погодок за Сенегал во групна фаза го даде исто Мане.

Мане веднаш бил испратен во болница на дополнителни снимки а неговиот Сенегал се пласираше во четвртфинале на Купот на Африка.

Подоцна во болница голманот кој многу тешко го фаулираше Садио, дошол во неговата соба да му се извини, поразговарале и се фотографирале. Двајцата биле во добра состојба. Цел Сенегал се надева дека Мане ќе биде спремен за 30 јануари кога Сенегал ќе игра против подобриот од дуелот Мали - Екваторијална Гвинеја.

26 јануари 2022 - 10:32