Надалада - удар после кој нема враќање во игра

Во многу тежок меч Рафаел Надал во четвртфиналето на АО го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 3:2 во сетови после повеќе од четири часа игра.

Шпанецот игра врвен турнир досега и на 5 меча изгуби само 3 сета. Во првото коло го совлада Џирон (3:0), во второ беше подобар од Ханфман (3:0), после следеше Хачанов (3:1), па Манарино (3:0), па сега Шаповалов (3:1).

Сега го чека најголема задача досега, младиот Италијанец Матео Беретини кој игра неверојатен тенис и кој го совлада Монфис за пласман во полуфиналето.

Најдобрите потези на Шпанецот досега на овогодинешниот Австралија Опен:

Останати парови во четвртфинале се Синер - Циципас и Медведев - Оже-Алијасим.

25 јануари 2022 - 15:48