Баш луд пресврт во НБА каков што немало многу одамна

Лос Анџелес Клиперс е екипа која што синоќа го направи најневеројатниот пресврт на еден НБА меч во последните 13 години.

Клиперси на гостувањето во Вашингтон во еден момент губеа 66:31, цели -35 поени разлика во втората четвртина.

Во тој момент навивачите на двата тима и коментаторите како да се помирија со крајниот исход и победник на овој меч.

Во третиот период Визардс водеа и +22 поени но ни тоа не беше доволно. И што е најчудно Вашингтон на осум секунди пред крајот од мечот на свое конето имаше цели 6 поени разлика но на крај драмата ја добија гостите од Лос Анџелес.

Лук Кенард „од нигде никаде“ погоди две неверојатни тројки од кои надреална беше втората која што ја уфрли со чуден одраз со една нога. Со ова Клиперс стигна до израмнување но и за плус дополнително слободно фрлање кое Кенард го реши за неверојатен триумф.

Ова е втор лудачки ваков пресврт во најдобрата лига на светот во последните 13 години по оној на Кингс во 2009-та.

26 јануари 2022 - 09:52