Иако отпишани на последното место во групата, Пољаците за влакно не им направија беља на Шпанците, кои славеа неубедливо и тесно со 28:27 и се протнаа во полуфинале.
Во последната минута од мечот имаа напад за +2 со кои можеа да ја запечатат победата, но откако не успеаа да реализираат, пред голот на Родриго Коралес беше трилер.
Полска утна не еден, туку два зицери во дуел со шпанскиот голман кој со фантастични интервенции им ги скрати двете топки и ја однесе својата селекција во завршницата од првенството.
Бранителот на титулата ќе го игра шестото полуфинале во низа и ќе се бори да стане втората селекција која успеала да освои три титули по ред на Европските првенства.