Прв кошаркар во НБА со над 3.000 асистенции и над 5.000 скока на првите 500 натпревари

Подвижниот српски центар синоќа по којзнае кој пат го водеше својот Денвер Нагетс до уште една многу важна победа во регуларниот дел. Јокиќ имаше 28 поени 9 асистенции и дури 21 скок во напад и одбрана со што стана првиот кошаркар во историјата на најдобрата лига на светот со над 5.000 скока и над 3.000 асистенции на првите 500 средби во НБА (Никола одигра досега 494 меча).

Со право и сезонава го прогласија за прв кандидат за наградата МВП во конкуренција со Јанис Антетокумпо и Џоел Ембид. Денвер со 110-105 го совлада Детроит и сега со учинок 25-21 е на шесто место на Западот.

 
26 јануари 2022 - 12:03