Кирјос со топче погоди дете на трибините и го расплака па му подари рекет

Во текот на овогодинешното Отворено првенство на Австралија најголем хит е Ник Кирјос, Австралиецот со грчко потекло. Иако испадна во сингл турнирот, тој сега игра во дубл со неговиот сонародник Кокинакис. При една грешка на неговиот партнер, Кирјос нервозно удри со рекетот едно топче кое одлета на трибините и погоди едно мало дете. Кирјос дојде да го утеши со рекет.

Кокинакис и Кирјос на крајот славеа против Ескобар и Беар во дубл, па во полуфиналето кај машките двојки ќе играат против фаворитите Ѕебајос и Гранојерс.

25 јануари 2022 - 09:08