Offside

Непромислениот живот на една од најславните бразилски легенди. Призна дека бил измамен и останал без целата заработка од својата кариера.

Судија на два пати нокаутиран во Еквадор, колегите го сопреа фудбалот од протест

Голем скандал веќе неколку дена го тресе јужно-американскиот фудбал, откако на мечот меѓу Аукас и Макара во еквадорската прва лига, главниот судија Алекс Кахас на два пати беше патосиран од членови на стручниот штаб на еден од тимовите.

Формула 1 најверојатно ја брише култната патека во Белгија

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис се приклучи на сите носталгичари кои почнаа да ја жалат патеката Спа Франкошамп во Белгија која наводно и се уште неофицијално веќе нема да биде дел од патувачкиот циркус во иднина.

Не ти ја давам бе, не ти ја давам

По двата порази од Брајтон и Брентфорд, Манчестер Јунајтед изненади со победата од 2:1 над Ливерпул, а со однесувањето изненади и Бруно Фернандеш од кој имаме ситуации за одбележување.

Деби голчиште на Џани Алиоски за Фенербахче кој распали со левицата

По двата гола на Барди за Трабзонспор и вториот македонски репрезентативец кој се впушти во турска авантура покажа од каков материјал е. Прв погодот на Џани за Фенербахче и тоа со прекрасен волеј кој не се брани.

Кога дома уште криеш дека имаш дечко

Или па имаш уште еден и го јадеш среде пренос Реал Сосиедад - Барселона.

Во Босна шампионките во пливање тренираат под најлон за покривање марули

Пет дена по сензационалниот триумф на 16 годишното девојче, се појавија фотографии од условите во кои се тренирало неодамна во БиХ. Човек да гледа и да не верува.

Голман што ќе ви го направи денот

Толку е симпатично сè во видеово. Од храбриот потег на играчов што од пола терен сака да го изненади голманот, до самиот голман Сем Безент кој се фрла како мачка на топка која е 20 метри подалеку од него.

Мората мајсторе, вака Зидан ја нема примено

Голманот на Виљараел, викендов го спречи голот на месецот во Шпанија и голот на кариерата на Алваро Мората. Овие 6 секунди вреди 10 пати да се изгледаат, поради начинот на кој шпанскиот напаѓач си ја намести на волеј. Фасцинантен потег кој мора да влезе и да остане подолго на најавни шпици. 

Кој е Грузиецот во кој се вљуби Неапол и брзо заборави на капитенот Инсиње

Со три прекрасни гола и една асистенција на првите два натпревари од новата езона, Хвича Кварацхелија направи тифозите на Наполи брзо да најдат нов љубимец со кого ќе сонуваат нова одлична сезона и борба за скудето.

Ќе ве пукам со корнер знаменце

Чудни испади и потези имаа фудбалерите овој викенд од кои само два бележиме во Португалија. Јаго Кариело од Портимоненсе стрелаше во 88-ма за пресврт и победа од 2:1 над Виторија, а потоа фати да ги „стрела“ и навивачите.

Офсајд поништи неверојатен гол по чудна акција на Меси-Мбапе-Нејмар

Парижаните на стартот од сезоната играат неверојатно ефикасен фудбал. Пазете го податоков: на само 3 средби во Лига 1 веќе дадоа 17 гола! Примија само 3. Во неделата го прегазија Лил 1-7 на гости а на тој меч Килијан Мбапе го постигна најбрзиот гол во историјата на француското фудбалско првенство, за само 8 секунди. Не даде гол само тој што не проба, а глејте ја акцијава на триото М-М-Н.

Голот на Левандовски во 45-та секунда

После повеќемесечно тегнење оди-не оди, на Роберт Левандовски летово конечно му се оствари желбата, по фантастичните партии во Баерн Минхен, да се проба и во Барселона. Полјакот во неделата го постигна и првенецот за каталонскиот клуб. На гости го демолираа Реал Сосиедад со 1-4, а Лева погоди во 45’ секунда.

Шоу на ПСЖ, Мбапе го даде најбрзиот гол на сите времиња во Франција

ПСЖ го згроми Лил на гости со 1-7 и постави неколку рекорди. Интересно, прв мрежата на домаќинот ја погоди Килијан Мбапе после само 8 секунди по изведување од центар на стартот од мечот. Ова е воедно и најбрз гол во историјата на француската Лига 1.

Генијалната асистенција на Де Брујн од сите агли

Зарем има ли тренер кој не би го посакал Кевин во тим? Човек со страшно добар осет за пасови вредни половина гол. Погледне го ова додавање до Бернардо Силва за израмнување на конечни 3:3 против Њукасл.

Фудбалер на Атлетико им се прекачи на навивачите на трибина за да се тепа

Атлетико Мадрид клизна дома од Виљареал 0:2, а на крајот се создаде тензија меѓу Марио Хермозо и навивачите. Веројатно летнале троа повеќе пцовки, што дефанзивецот на Атлетико збесна до толку за да им се качи на трибина.

Во Португалија играч изведе пенал како робот

Имаме нов циркузантски начин на изведување на пенал, кој се случи во втората португалска лига. Овој пат не е со двочасовно земање залет, туку со укочување во место, а изумот е дело на Жардел од екипата на Феиренсе.

Голгетерско деби на Енис Барди во турската лига - 2 убави гола за Трабзонспор

Само неколку дена по трансферот од шпански Леванте во турскиот шампион Трабзонспор, капитенот на македонската фудбалска репрезентација дебитираше со два гола, иако неговиот тим доживеа дебакл 5:2 од Анталија.

Голема победа на Калин Ивановски за прв трофеј во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го совлада Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина во финалето на ИТФ турнирот од серијата М15 во Монастир, Тунис. Калин славеше со 1-2 во сетови после голем пресврт: 6-4, 4-6, 1-6 и стигна до првиот голем пехар во кариерата.

Најискрен коментатор со спектакл од аргентински фудбал

Дефинитивно никаде на свет нема таква страст за фудбал како во Аргентина. Пазете, градско дерби меѓу Белграно и Институто, два второлигашки клуба од градот Кордоба. Коментаторот тргнува со најава на мечот и во еден момент вика: „Во времиња како овие, коментаторот треба да замолчи. Уживајте во неверојатната атмосфера“.

Во Бундеслига падна најубавиот гол на колото

Баер Леверкузен го има најслабиот старт на сезоната во Бундеслига со децении. После три кола имаат три порази и гол разлика 1:6. Последен кој ги разнесе беше Хофенхајм со 0-3, а прв ги начна Баумгартнер со преубав гол со пета.

Кој последен се смее, Митро најслатко се смее

Фулам и Брентфорд одиграа најлуд натпревар во 3. коло од агнлиската Премиер лига. Гостите пред крај израмнија на 2-2 а стрелецот на голот Иван Тонеј го мајтапеше Александар Митровиќ за начинот на прослава на гол. Ама Митро во свој стил заби со глава за победа 3-2 во 89' минута и последен се смееше.

Фудбалер на Реал го изведе најчудниот слободен на сезоната

„Кралскиот клуб“ со 1-4 ја растури Селта во Виго. Бензема, Модриќ, Винисиус и Валверде беа стрелци на головите. Токму Уругваецот имаше еден несфатлив слободен удар во текот на мечот. Ни сам не знаеше што сака.

Соло мајсторија на Роналдо кога коментаторот уште не знае ни како се вика

Клипот е стар 20 години, кога 17 годишниот Кристијано му го најавува на фудбалскиот свет своето доаѓање и по само една сезона во Спортинг прави голем трансфер во Манчестер Јунајтед. Дрскоста кон неговата омилена мета ја имал уште на млади години.

Сите имаме по еден ваков во маало, нели?

Го викаш ако ептен немаш ниту една друга опција за шести човек, па мораш да го жртвуваш фудбалот за да не пропадне и на крај имаш ова: