Во новата НБА сезона Канада деветта година по ред ќе биде најзастапена земја вон САД со 22 кошаркари, а по нив следат Австралија и Франција со по 9 играчи, Германија со шест, Србија, Шпанија и Нигерија по пет кошаркари. Интересно секој од 30 франшизи имаат макар по еден интернационалец.
Торонто Репторс, НБА шампионот од 2019-та, втора година по ред ја предводат листата франшизи со најмногу странци (8), а зад нив следат Далас Маверикс, Сакраменто Кингс и Индијана Пејсерс со по 7 интернационалци, а Јута Џез и Оклахома Сити Тандер имаат по шест странци.
Последните четири МВП награди ги освоија токму кошаркари кои доаѓаат надвор од САД. За најкорисен играч во регуларниот дел два пати големата награда ја доби Србинот Никола Јокиќ (2020/2021, 2021/2022), а две МВП признанија доби и Гркот Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс (2018/2019 и 2019/2020). Ним им се приклучи и Жоел Ембид, Камерунецот кој заврши како трет во изборот за најдобар играч во НБА.
И овојпат големи фаворити за оваа награда се тие тројца, како и Лука Дончиќ од Далас Маверикс.
Во НБА сезонава има многу интернационалци кои се родени браќа како Јанис (Милвоки Бакс), Танасис (Милвоки Бакс) и Костас Антетокумбо (Чикаго Булс), Хуанчо (Торонто Репторс) и Вили Ернангомез (Њу Орлеанс Пеликанс) европските шампиони со Шпанија и Германците Франц и Мориц Вагнер кои се членови на Орландо Меџик.