Како навивачите на Партизан ја дочекаа Евролига после 8 години
Белградските црно-бели добија посебна покана од раководството на Евролига, сезонава да бидат дел од елитниот турнир. После две гостувања, Партизан конечно заигра пред својата публика, во белградска Арена каде гостуваше Милано. Околу 20.000 гледачи потсетија на култната атмосфера која се правеше во Пионир и која придонесе во 2010-та да заиграат на големиот Фајнл Фор во Париз.