Нејмар го поддржал Болсонаро за да му прости долг од 17 милиони евра?

Најголемата фудбалска ѕвезда на светот отворено застана зад актуелниот бразилски претседател кој за неколку дена ќе води решавачка битка за нов мандат.

На 2-ри октомври се одржа првиот круг претседателски избори во Бразил. Според резултатите, во втор круг влегоа најголемите фаворити: Жаир Болсонаро (актуелен претседател) и Луис Игнасио Лула да Силва (екс-претседател). Во првиот круг Лула освоил 53% од гласовите а Болсонаро 47%.

Решавачкиот втор круг ќе се одржи на 30. октомври.

Пред вториот круг во Бразил се разгорел скандал. Лула да Силва изјавил дека Болсонаро пред изборите направил дил со Нејмар согласно кој актуелниот прв човек на Бразил ќе му ги избрише сите долгови кон даночните обврзници на сјајниот фудбалер ако О’Неј го поддржи Жаир пред гласањето.

„Нејмар има право да гласа за кого сака. Но мислам дека се плаши ако јас победам на изборите зошто ќе дознаам дека Болсонаро му ги избришал долговите за даночни обврзници“, рекол Лула да Силва.

Оваа приказна не е од сега, туку датира од пред десетина години, односно кога татко му на Нејмар го убедил син му да го поддржи јавно Болсонаро во замена за долг од 17 милиони евра во периодот од 2011 до 2013 кога Нејмар уште играше за Сантос.

ДАЛИ НАВИСТИНА НЕЈМАР ГО ПОДДРЖА ЖАИР?

Да. На крајот од септември најголемата ѕвезда на светскиот фудбал снимил видео со танц и музика за предизборен спот за Болсонаро.

„Гласај и бирај. Болсонаро - 22! Нејмар со прсти го покажува бројот 22, изборниот број на Жаир на гласачкото ливче.

Ова не е првпат Нејмар јавно да го поддржи Жаир Болсонаро. Во август годинава тој му пратил на претседателот фудбалска топка со автограм, а политичарот тогаш подвлекол паралела меѓу него и фудбалерот и рекол: „Мене исто често ме удираат како него“.

На изборите во 2018-та Нејмар стиснал лајк на објава на Роналдињо во која тој стои со дрес со број 17 кој тогаш беше број на гласачкото ливче за Болсонаро.

Нејмар никогаш не ги криел симпатиите за Жаир кого западните медиуми го частат со секакви атрибути како: расист, хомофоб, диктатор итн.

ЗА БОЛСОНАРО ИМА МНОГУ ФУДБАЛЕРИ, АМА ИМА И ПРОТИВ

Жаир Болсонаро активно го користи фудбалот во негова промоција. Редовно се појавува меѓу навивачи со разни дресови на фудбалски клубови. Пред минатите избори него јавно го поддржаа Лукас Мура, Фелипе Мело, Ривалдо, Роналдињо, Кафу. Мура дури и активно настапувал за Болоснаро и кажувал дека му се допаѓа идејата на партијата на Жаир:

„Јас сум конзервативец кој ги штити христијанските и семејни принципи. Не гледам идеален кандидат но не одрекувам дека Болсонаро е најблизок до моите ставови. Лула напротив поддржува се што е за мене неприфатливо. Јас сум против левата идеологија, против социјализам на највисоко ниво. Комунизмот не води чекор назад, со ништо не се разликува од нацизмот“.

Против Болсонаро тогаш во 2018-та јавно зборувале претежно левичарските навивачки групи во Бразил а исто и големиот шампион Раи кој во 1994 освои Светско првенство.

БОЛСОНАРО СЕ ПОИСТОВЕТУВАЛ СО ЖОЛТИОТ СВЕТ ДРЕС НА БРАЗИЛ, ПРОТИВНИЦИТЕ ГО ИЗБЕГНУВААТ ПРЕД СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Политичката борба го разделила Бразил. Наводно постои и приказна дека пред Светското првенство во фудбал за кое живее земјата, голем дел од Бразилците одбивале да го купуваат жолтиот дрес на репрезентацијата зошто ги асоцирала на Болсонаро и неговите приврзаници. Работата е во тоа што во 2014-та на протестите против тогашната претседателка Дилма Русеф која беше левичарка, на митинзи луѓето се појавувале во дресови на репрезентацијата на Бразл.

Овој трик во кампања го користел и Болсонаро.

„Немам никаква желба да го носам жолтиот дрес. Ми се гади таа идеја, дури и од плакар не ги вадам своите стари жолти дресови. Со мене се солидарни многу пријатели. РИП за жолтиот дрес. Се надевам дека Бразил ќе игра на Светско во сина опрема“, вели Матеус Роша, тренер по футсал.

19 октомври 2022 - 15:24