Последниот се случи после триумфот над Хартс од 2:0. Бојан не беше меѓу стрелците, но го одигра цел натпревар, а потоа усреќи една од помладите навивачки.
Девојче му го побара дресот на допадлив начин и се потруди да го нацрта знамето на Македонија, а тој ја забележа и ѝ го подари дресот.
23-годишниот центарфор на Македонија кој летоска направи трансфер од унгарски МТК во Абердин, вреден 625.000 евра, има одличен старт во шкотскиот фудбал.
Се истакна со 8 гола после првите 8 настапи. 7 од нив во домашното првенство и еден во Купот. Повеќе голови од него во шкотскиот шампионат во моментов има само Хрватот Антонио Чолак од Ренџерс со 10.
Навивачите на Абердин му изјавија македонско знаме на Миовски уште во 5. коло.
Red Shed bouncing i’day #Miovski #StandFree #AberdeenFC #Pittodrie 🇲🇰🏴🇲🇰🏴💪🏻 pic.twitter.com/GCrXKvF8Cj
— Adel Weiss (@adel_von_weiss) August 27, 2022
А пред еден месец му смислија и песна.