Сите прекрасни фудбалски реклами на Пепси како носталгија од некое поубаво време

Гигантската компанија реши да сними рекламен спот во пресрет на Светско првенство 2022 во Катар и ја наврати јавноста на почетокот на 2000-те години кога имаа хит реклами со најдобрите фудбалери од тоа време.

Гигантот Пепси првпат сними фудбалска реклама во 1999-та година а главна улога во тој спот беше поп-ѕвездата од Манчестер Јунајтед Дејвид Бекам кој бил идеален модел за маркетинг потребите.

„Неговиот надворешен изглед веднаш не привлече зошто сфативме дека таквата слика ќе се продава“, рекол тогашниот шеф на комерцијалниот оддел на PepsiCo Вивек Санкаран.

Во 2002-ра PepsiCo покрена огромна маркетинг кампања со слоган Dare for more. Под овој слоган PepsiCo создал и тим Пепси каде влегоа многу познати ѕвезди како Бекс, Роберто Карлос, Ривалдо, Раул, Верон, Буфон, Диего Симеоне...

Прва голема реклама Pepsi ја спреми за Светско првенство 2022 и тоа стана класичен пристап на гигантот PepsiCo. Пред секое големо натпреварување снимаа сјајни реклами со најголемите ѕвезди.

Иако со децении Кока Кола е главен спонзор на Светските првенства, сепак Пепси активно и моќно се спрема пред секој голем турнир за да ја привлече публиката. Идејата е во тоа што официјалното партнерство со ФИФА е многу скапо (спонзорство за Мундијал 2002 чинело 20 милиони евра) и апсолутно не гарантира резултат.

Затоа брендовите со тек на време свесно се откажале од спонзорство во корист на партизански маркетинг.

Спотот за Светското 2002 во Јапонија и Јужна Кореја бил сниман во Јапонија каде членови на тимот Пепси (Бекам, Давидс, Руи Коста, Буфон и Роберто Карлос) мирно играат фудбал. Наеднаш на терен се појавија шест сумо борци кои им предложиле да играат фудбал во гајба Пепси.

Оваа беше најкултна реклама на компанијата.

Пред тоа Светско првенство Пепси сними уште една многу интересна реклама. Главен јунак беше Роберто Карлос и традицијата во Јапонија.

Роналдињо уште тогаш, пред дваесетина години снимаше реклами за Pepsi. Така ден-денес се памети и легендарната реклама Pepsi Foot Battle од 2004-та кога Роналдињо, Тоти и Роберто Карлос како римски гладијатори го спасуваа градот од натрапници кои сакале да ги украдат сите лименки Пепси.

Можеби најголемо внимание привлече онаа со Дејвид Бекам и малото дете навивач на Јувентус:

Златниот период на фудбалски реклами на Pepsi заврши во средината на 2000-те години. Следните кампањи не беа ни приближно на златната ера со класични реклами.

„Ми останаа пријатни сеќавања од таа соработка. Какви личности се не одиграв: гладијатор, каубоец, сурфер“, со носталгија се сеќавал Дејвид Бекам во интервју зa The Economic Times во 2011-та.

Пепси исто така има носталгија по тоа време.

Од таа причина во пресрет на големото Светско првенство во Катар снимија реклама со Роналдињо, Меси и Погба во оваа земја. Се вика Nutmeg Royale:

„Секогаш многу сум сакал да работам со Пепси и да ја носам оваа култна сина маичка. Сигурен сум дека на навивачите ќе им се допадне“, рекол Роналдињо по повод новата реклама.

20 октомври 2022 - 10:53