Туку, го видовте ли ремек-делото на Алмирон од Њукасл?

За разлика од некои претходни кола кога голови паѓаа како дожд, синоќа во Премиер лигата немаше многу. Во просек имаше по еден погодок на дури пет средби. На „Сент Џејмс Парк“ препородениот Њукасл со 1-0 го совлада Евертон. Стрелец на голот Мигел Алмирон. Еврогол не гол.

Парагваецот Мигел Алмирон и против Фулам сезонава постигна прекраснотија од гол. Тој веќе пет пати се запиша во листата на стрелците и откако е во Премиер лига ова е негова најголгетерска сезона. Во моментов тој е еден од најкорисните фудбалери во Англија по многу параметри.

 

20 октомври 2022 - 09:34