Меѓу многуте снимки и слики од тој шампионски ден, 22 мај 2022-ра има една посебна за семејството на Рафаел Леао, која треба да си ја урамат.
Може да им послужи како постер кој заслужува да си го закачат дома и кога ќе им дојдат гости, татко му гордо да рече: Да тоа сме јас и мојот син веднаш после триумфот на Милан вреден Скудето.
Токму на неа може да се забележи врската помеѓу Леао и неговите, направено на теренот на Сасуоло.
Рафаел е на нозе, исцрпен. Штотуку ги направил последните три асистенции во неверојатната сезона која заврши шампионски. Пред него со дресот на Милан стои татко му Антонио. Го држи лицето на син му и го гледа гордо.
Околу нив многу навивачи. Едниот ја става раката на грб како да сака да каже „браво, заврши одлична работа“, додека другите се обидуваат да стигнат до селфи. Таткото и синот, сепак не обрнуваат внимание на хаосот, туку се загледуваат еден во друг без ништо да кажат. Не е ни потребно и во тоа е тајната.
Го придружуваа и на Гала вечерта која се одржа во понеделникот. Од таму има друга впечатлива фотографија со родителите, како гордо стојат до него со неговите награди.
Сигурно патувале со паметот мислејќи на летните денови на улиците на Алмада, блису Лисабон на реката Таго, кога Рафаел цел ден не се прибирал дома за да игра фудбал. Се враќал дури за вечера со валкани шорцеви и искинати патики.
Мразел да губи и не можел да го издржи тоа. Секогаш кога ќе го напуштел теренот поразен, толку многу плачел, што во тоа време во викале „плачко“. Исто како Кристијано Роналдо.
Татко му кој работел како државен службеник решил да го запише во школата на локалниот клуб Алмада. Неговиот прв тренер Педро Собрал бил толку импресиониран, што веднаш сакал да го ангажира сериозно.
„Треба да ја прашам мајка ми“, одговорил тој. Инаку се работи за фризерка, која одгледала шест деца. Со првата заработка, Леао и купил салон во Лисабон.
Останатото е историја. Спортинг Лисабон, Лил, па Милан. Леао ги прославува головите ставајќи ја раката на уво како телефон, како да вели „Ало мамо или тато“.
„Понекогаш татко ми не можеше да доаѓа на стадион, па го направив овој гест за него“, раскажува Леао.
Во Спортинг бил малку тежок за дисциплинирање. Имал талент, но не се трудел многу. Тиаго Фернандеш, кој е уште еден важен тренер од неговиот развој, раскажува како пред патување во Јужна Африка си го заборавил пасошот. Тој го потегнал за уши, а татко му му дал воспитна со цел да му ја пренесе важноста за дисциплината и посветеноста.
Нешто слично како Пиоли или Ибра. Неколку години после пропуштениот лет, го потпишал првиот договор.
Со првата плата, на родителите им купил куќа блиску до океан, каде што се родени Луис Фиго и Жозе Мурињо.
Малдини и Масара беа на вечера со целото негово семејство. На маса имаа предлог за нов договор кој му истекува во 2024-та. Нивната цел е да го задржат бидејќи е еден од главните играчи.
Татко му е прагматичен и конкретен тип и може да биде клучот на приказната. Кога Рафаел бил мал, секој ден одел со него во спортскиот центар на Спортинг, а потоа во кола го карал ако некој од тренерите му рече: Слушај, син ти што прави што му душа сака, мора да се разбуди.
Сега Рафаел „полета“, но без да заборави кој му дал крилја.