Кулушевски конечно гукна нешто на македонски

Разрешена е мистеријата со ѕвездата на Тотенхем и селекцијата на Шведска. Дејан кој има потекло од Охрид, зборува по малку македонски.

Новинар на Спортклуб во март годинава се обиде да му земе изјава на Дејан Кулушевски на Олд Трафорд на македонски, ама тој одби со образложение дека само малце го зборува, па разговорот го водеа на англиски. 

Се појави видео од натпревар меѓу Шведска и Словенија по кој во микс зоната друг новинар го прашува Кулешевски дали зборува српски, а тој му одговара: Само македонски.

Кулушевски е роден во Стокхлом, а неговите родители се од Охрид. После потписот во Јуве вреден 35 милиони евра, на Инстаграм стави фотографии како плови со јахта на охридско со соиграч од Шведска.

Има 9 настапи за Македонија У-17, по што одлучи да настапува за селекцијата на Шведска.

И новинарот, веројатно Словенец кубуреше со македонскиот, ама битно се разбраа. На 0:10 од видеото Дејан како да вели „важит“, онака баш на охридски :).

Како Кулушевски во дрес на Македонија ја измеша одбраната на Србија

Кулушевски му подарил дрес на Охриѓанец кој веел македонско знаме

20 октомври 2022 - 08:35