Дејан Кулушевски е на глисер, ама не е на Ибица, туку во Охрид, градот од каде потекнува по неговите родители. Тоа е локацијата која ја одбра за полнење батерии, пред прозивката на новиот тренер Андреа Пирло, а друштво му прави неговиот соиграч од младата репрезентација на Шведска и член на Свонси, Жоел Асоро.
Поранешниот репрезентативец на Македонија У-17 сезонава беше хит во Серија А во дресот на Парма и на само 20 години го направи трансферот од соништата. Потпиша за Јувентус за сума од 35 милиони евра и годишна плата од 2,5 милиони евра.
Меѓу играчите родени во 2000-та или подоцна, Кулушевски е вториот најскап фудбалер на светот. Поскап е само Винисиус за кого Реал плати 45 милиони евра.
Сезоната ја заврши со 10 погодоци со што стана прв странец после Икарди и Ламера со двоцифрен број на погодоци во Серија А пред да наполни 21 година.
Почнаа да му пишуваат и пријатели од Македонија.