Голманот јунак на Ваљадолид кој одбрани два пенали по ред
Реал Ваљадолид, клубот чиј сопственик е легендарниот Бразилец Роналдо, во шпанска Ла Лига после 10 одиграни кола има учинок од 3 победи, 2 нерешени и 5 порази. Синоќа целиот бес од слаби резултати го истурија врз Селта Виго и ја победија 4-1. Јунак на вечерта беше голманот Жорди Масип (33) кој одбрани два пенали еден по друг и тоа на расниот стрелец Јаго Аспас.
Во 86’ минута Аспас го изведе првиот пенал, но судијата по сугестија од ВАР собата, го повтори казнениот удар зошто некои играчи влегле предвреме во шеснаесетникот: