Малиот Банкеро, првиот пик на драфтот, растури на дебито во НБА

Најозборуваниот кошаркар во НБА изминатово лето, првиот пик на драфтот, Американецот со италијанско потекло Паоло Банкеро имаше сјајно деби во најдобрата лига. За Орландо Меџик на првиот меч против Детриот Банкеро имаше 27 поени (11/18 од игра), 9 скока, 5 асистенции и 2 блокади за 35 минути на паркетот. Последен пат вакво деби (25+5+5) имаше Леброн Џејмс во 2003-та.

„Многу ми значи ова. Секако, уште поубаво ќе беше да победевме. Сакам да и помагам на екипата. Го одиграв мојот прв меч во НБА и многу сум среќен“, била првата реакција на крилниот центар висок 208 сантиметри, после дебито за Меџик.

Како го одбраа како прв пик на драфтот?

Необјаснив кош на Горан Драгиќ за Чикаго

20 октомври 2022 - 09:52