
Во разговор со новинарот Пабло Хиралт за DIRECTV Sports на аргентинското радио D-Sports, ѕвездата на ПСЖ рекол дека го препознава присутниот „страв“ од повреди кај сите играчи ред Светското.
Капитенот, лидер и предводник на Аргентина се опоравува од ситна нелагодна повреда на стопалото на десната нога која го спречи да игра на две од последните четири средби (Реим и Бенфика). Тој играше во неделното дерби со Марсеј и признава дека е претпазлив и помалку плашлив да не се повреди и да не игра на Мундијалот на кој цела Аргентина сонува злато.
„Ова е поинакво Светско првенство зошто се игра во друга епоха од претходните. Толку е важно што секоја ситница која може да ви се случи, би можела да ве изостави. Како што кажавте, она што им се случи на Пауло (Дибала) и Фидео (Ди Марија), веќе мене лично ме загрижува, а после под наводници, уште повеќе ве плаши кога ги гледате тие работи“, вели Лионел.
И покрај сè, тој рутински уверува дека на терен делува нормално и не размислува за ризиците.
„Излегување на терен и размислување само за тоа (евентуален ризик од повреда) може да биде контрапродуктивен. Најдобро е да се однесувате нормално како и секогаш. Да играте најдобро што можете е најдобар начин да бидете добро. Се надевам дека ќе се опорават (Дибала и Ди Марија). Мислам дека имаат доволно време да се опорават и да бидат добро“, вели Меси за најважните соиграчи и другари во репрезентацијата.
Што се однесува до актуелната состојба, во моментов Ди Марија е поблизу до опоравок и враќање за 20-ина дена, а што се однесува до Дибала, стоперот на Тотенхем од Аргентина, Кути Ромери отворено рекол: „Мислам дека Дибала нема да стигне на време до Светско првенство“.
Во однос на кандидати за злато, најдобриот на сите времиња според многумина, отворени кажа:
„Денес кандидати за пехарот се репрезентации како Германија, Бразил, Франција, Англија и Шпанија. Но ако морам да се задржам само на две, Бразил и Франција се големи кандидати за ова Светско првенство. Французите освен што испаднаа рано на минатото Европско првенство, имаат импресивни играчи како мојот соиграч Килијан Мбапе и имаат многу јасна представа што играат“.