Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Бали Мумба го слуша гласот на трибините кога да шутне

Во англиската Лига 1, трета лига во хиерархијата, Плимут Аргајл со 4-2 го совлада Ексетер Сити. Вториот гол за домашните беше дело на Бали Мумба во 58’ минута.  Откако му легна добро и му се отвори позиција за шут, пола стадион му викаше да шутне. И шутна.

Листа најубави голови од Бундеслига

На неа е и детето поради кое Баерн подзаборави на Левандовски. Уште пред пар сезони беше најавен како нов бисер од рудникот на Баварците, а сезонава Џамал Мусиала покажа зошто го сметаат за најголем германски талент. Има 19 години, висок 1.84, игра крилен напаѓач и полушпиц. Сезонава на 18 меча има 10 гола и 8 асистенции. Се најде и на листата со најубави голови од минатото коло.

Шутирај му на Хари Кејн во него, не знае

Лига Европа, сезона 2014/2015. Астерас Триполис од Кипар губи дома од Тотенхем 0:5. Хари Кејн постигна хет-трик, ама треба и да брани, бидејќи Љорис доби црвен после извршени три измени. Да се потсетиме како англискиот напаѓач се снајде на гол.

Абрахам утна шанса, несфатлива за 9-ка

Фудбалерите на Рома со голови во 88-ма и 92-ра ја решија Верона гости со 1:3, откако домаќините се држеа со играч помалку уште од прво полувреме. Тами Абрахам во конкуренција за промашување на сезоната во Серија А.

Лажњакот на годината го направи Кулибали од Црвена Звезда

Калифа Кулибали од Мали кој летово направи трансфер од Нант во Црвена Ѕвезда, се надмина себе си со потегов и успеа да го збуни и коментаторот. Сакаше да го даде со десна, ама топката го удри во лева и влезе во гол. Нереална сцена.

Животот на Борис Бекер зад решетки

Шест месеци по осудата за финансиски малверзации, трикратниот освојувач на Вимблдон и доскорашен тренер на Ѓоковиќ им предава физичко на “колегите“ во затвор. Што и не им е баш по ќеиф.

Пике до толку не се уморува, што и копачки не носи на клупа

Барселона во неверојатно драматична завршница со 0-1 со голот на Роберт Левандовски ја совлада Валенсија на „Местаља“ и ја продолжи трката за прво место со лидерот Реал Мадрид. Во еден момент францускиот стопер од Барса Жил Кунде се пожалил на умор, а тренерот Чави го викнал Пике да влезе во игра. А овој пустиот копачките врзани во чвор уште пред да ги облече.

Чудесната кореографија на навивачите на Шалке

Навивачката група која што е збратимена со навивачите на Вардар „Комити“, и покрај тоа што клубот од Гелзенкирхен поминува низ сериозна управувачка и резултатска криза (5 порази по ред), пред мечот со Фрајбург направи феноменална кореографија на нивната трибина зад едниот гол.

Се мачиш со тешки куфери и ти влетува на помош Новак Ѓоковиќ

Српскиот тениски ас е во Париз каде ќе брка седма титула на мастерс турнирот „Ролакс Париз“ (29 октомври - 6 ноември). Излезе да џогира во парк и како прав машки џентлмен и се најде на една возрасна жена која се амбицираше со куферите. Каков човек.

Роналдо го рецна и Гери Невил

Кристијано Роналдо не трпи критики. Не многу одамна помина покрај студиото на Скај спорт и се поздрави со сите освен со Џејми Карагер. Пред мечот против Вест Хем, суетата не му дозволи да му каже едно здраво ниту на Невил со кој делеа еден куп убави мигови на Олд Трафорд. Се поздрави со Луј Саха и Џејми Реднап, ама не и со поранешниот соиграч кој го критикува на тв.

Луис Суарез му донесе титула на родниот клуб и големо славје на навивачите

Легендарниот уругвајски центарфор Луис Суарез со два убави гола му донесе шампионска титула на Насионал Монтевидео во тамошната лига. 49-та за славниот клуб од главниот град на Уругвај.

Кварацхелија фрли дрес на Грузијци, Наполитанци им го собраа

Наполи не се шегува. Сега веќе е и дефинитивно најголемиот фаворит за скудето во италијанска Серија А. Наполитанците под водство на одличниот Лучано Спалети играат страшна сезона. Во саботата на ред им дојде Сасуоло кој го почастија со 4-0. Хет-трик имаше сјајниот Нигериец Виктор Осимен а гол пак даде и откровението на сезоната Квича Кваратцхелија.

Зошто навивачите на Интер ја напуштија трибината сред мечот со Сампдорија?

Во саботата вечер за време на мечот Интер - Сампдорија, во Милано проструила вест за убиство на Виторио Бојоки, 69-годишен легендарен водач на тифозите на Интер, после што целата северна трибина на „Сан Сиро“ се испразни набрзина и експресно сите знамиња и барјаци беа повлечени.

Таков волшебен потег не е виден на мал фудбал

Неверојатно е ова што го направи младиот Русин Андреј Батјирев од футсал клубот Тјумен во ремито 3:3 против клубот КПРФ. Нереален гол.

Нова маестрална партија на Дончиќ кој повтори подвиг на Џордан од 86-та

Само три дена по феноменалниот трипл дабл од 41 поен, 11 скока и 14 асистенции против Бруклин Нетс, незапирливиот Лука на Орландо му даде 44 поени за победа од 114:105.

Двете големи промашувања на Леао

Фудбалерите на Милан кикснаа на гостувањето против Торино од каде се вратија со пораз од 2:1, кој ги оддалечи 6 бода од Наполи. Пиоли го извади Рафаел Леао на полувреме, кој уште во воведните 5 минути реагираше многу лошо пред гол и тоа сам на два пати.

Чичо Златан има нешто да им каже на Французите

Француски CANAL+ Foot го седнува на интервју човекот кој за четири сезони во Лига 1 со ПСЖ освои 12 трофеи и постигна 156 гола. А тој вели вака:

Лоб од 25 метри за најавни шпици и тоа со лизгачки старт

Во аргентинскиот фудбал падна скроз необичен гол и тоа во Куп финале, вреден трофеј за тимот на Патронато против Талерез. Го постигна Тиаго Банега. Од борба за топка меѓу двајца, се случи голчиште кое го изненади голманот.

А сте виделе ли до сега во НБА некој да си ја забие во својот кош?

Бруклин Нетс загуби дома од Индијана Пејсерс со 116:125, а со тоа го бележи петтиот пораз после шест средби. Јапонецот Јута Ватанабе имаше најдобра намера, да спаси една топка со дефанзивен скок, ама на крај несакајќи успеа да постигне атрактивен автокош.

Калин Ивановски го освои турнирот во Грција без загубен сет

Големата македонска тениска надеж е победник на ИТФ фјучерсот кој изминатива недела се играше во Ираклион.

Капитенот на Вардар даде гол за паметење

Во рамки од 10. коло на македонската втора лига, Вардар со 2-1 ја совлада Воска Спорт од Охрид. На стадионот „Железарница“ во скопската населба Автокоманда, пред полни трибини со „Комити“, црвено-црните победија со головите на Дарио Десниќ во 18-та и капитенот Дарко Мицевски во 20-та минута. Еврогол за насловни страни.

Антонио Конте направи нешто невообичаено после победнички гол во 90+2'

Тотенхем одигра уште еден драматичен дуел. После само три дена по драмата со Спортинг во Лига на шампиони кога со ВАР им беше поништен гол за 2-1 во судиско продолжение, во саботата со Борнмут на гости следеше нова лудорија.

Меси не застанува, ново голчиште и мајсторска асистенција до Нејмар

ПСЖ ја совлада Троја со 4:3 во меч во кој на два пати беше во негатива. Играч број 1 како и многу пати сезонава беше Лео Меси кој во рок од 7 минути одигра во негов стил со два јаки потези.

Нова драмолетка со Атлетико и тоа повторно во 99-та минута

Само четири дена откако беа елиминирани во ЛШ и промашија пенал во 99-та минута, фудбалерите на Атлетико загубија во Ла Лига со гол во 99-та од претпоследниот на табела.