Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Серхио Перез ја владее патеката во Мексико мижеечки

Што ти е домашен терен, ги затвори очите, точно ги менуваше бризините и не промаши ниту еден свиок. Имаме еден круг со мексиканскиот возач Серхио Перез, во пресрет на трката за Големата награда во Мексико сити. Беспрекорно извозено мајсторе.

Центарот на Бостон има нов изум во играта во одбрана

Лук Корнет е висок 218см. Погледнете како ја користеше неговата висина ноќеска на мечот против Кливленд. Не сме виделе до сега некој вака да го чува кошот во НБА.

Во Аргентина нема петка-глава, друго кажува судијата кога фрла паричка

Пред почетокот на мечот главниот судија ги собира капитените на двата тима и им кажува да бираат петка или глава па секој да си одбере страна на која ќе почне или прв посед на топка. Во Аргентина за тоа викаат „Меси или Марадона“.

Играч на Арсенал забоден од психопат, поранешен фудбалер на Наполи и Интер го совладал убиецот

Дефанзивецот на Арсенал кој е на позајмица во Монца, Пабло Мари преживеал стравичен напад од психопат во супермаркет Карфур во трговски центар во реонот Асаго близу Милано. Напаѓачот од чиста мира убил еден касиер, а повредил и четири други лица пред да биде совладан од некогашен соиграч на Марадона во Наполи.

Дечко каков тенис, ти си роден за фудбал

Беноа Пер е познато име во светскиот тенис. Триесет и три годишниот Французин роден во Авињон има пристојни резултати веќе неколку години наназад и е редовен учесник на најголемите турнири. Само има проблем со константноста, понекогаш не може да се носи со големиот притисок и знае да губи добиени мечеви. Дошол на тренинг во францускиот прволигаш Брест каде покажал неверојтно чувство за фудбал и пеколна левица.

Озбилен си со голов?

АЕК Ларнака и Динамо Киев одиграа 3:3 во меч од Лига Европа во кој кипарскиот состав водеше 3:1 но на крај ја прокоцка победата. Два гола даде израелскиот репрезентативец Омри Алтман од кои едниот веруваме ќе се врти цела сезона по хајлајтсите.

Партија од соништата за Лука Дончиќ, игра страшна кошарка

Далас Маверикс на гостински терен после продолжение го победи силниот Бруклин Нетс со 129-125. Лука Дончиќ се претстави со уште една страшна партија: 41 поен, 11 скока и 14 асистенции. Постигна и три тројки во продолжението и беше најзаслужен за триумфот на Маверикс.

Судија, па ти немаш душа штом поништи ваков страшен гол

Жозе Мурињо во последниве неколку сезони се мачи да победи на секое гостување во студената Скандинавија. Синоќа со Рома едвај го доби Хелсинки со 1-2 и тоа со автогол на домашните во 62’ минута. Притоа во Хелсинки на домашниот играч Дејвид Браун му поништија СТРАШЕН ГОЛ за 2-2. СТРАШЕН! Пред последното коло во Лига Конференции, Рома е трета зад Бетис и бугарски Лудогорец.

Ролингот на Ентони е хит на вечерта

Со головите на Дало, Рашфорд и Кристијано Роналдо Манчестер Јунајтед со 3-0 го совлада Шериф Тираспол и со 4/5 и 12 освоени бода рутински се пласираше во следната рунда на Лига Европа. Ги чека уште едно формално гостување кај Реал Сосиедад во последното коло. Синоќа против Шериф шоу правеше Ентони а Кристијано после долго време постигна гол.

Како Конте да не збесне после вака глуп потег?

Групата Д во Лига на шампиони е најнеизвесна од сите. Таму сите четири екипи конкурираат за место понатаму. Тотенхем синоќа губеше дома 0-1 од Спортинг Лисабон и израмни со гол дури во 80’ минута. Не победија и ќе треба во последно коло на пеколно гостување во Марсеј да се борат за пласман во следна рунда. Ама со вакви постапки како на бекот Емерсон Ројал нема далеку да стигнат.

Бројките на непобедливиот Наполи кој прави растур систем

Ниту во времето на Диего Армандо Марадона, не се видел ваков убиствен старт на Наполитанците кои заедно со ПСЖ се единствени непоразени екипи во топ 5 лигите во Европа.

Без него не е тоа тоа, Барса за 17 години со Лео во тимот ниеднаш не испадна од група

Шпанскиот клупски фудбал доживеа силен шамар откако групната фаза во Лига на шампиони ја пројде само Реал Мадрид. Испаднаа и Севиља пред време, и Атлетико Мадрид и Барселона.

Асистенцијата на Никола Јокиќ со Лејкерс што ја зачуди цела сала

Денвер Нагетс одново му одржа лекција на ЛА Лејкерс кој има 4 порази на 4 меча на стартот од сезоната, учинок каков што Леброн и Ентони Дејвис немале никогаш во кариера. Но да се вратиме на насловот. Најефикасен кај Нагетси беше Јокиќ со 31 поен, 13 скока, 9 асистенции и 4 украдени топки. Во еден момент кога сите ја видоа топката изгубена во аут, Србинот најде начин како да ја додаде.

Најава на документарецот за Буштур

МТВ и КФМ со поддршка на семејството Георгиевски, скоцкаа документарен филм за Благоја Георгиевски Буштур кој загина во сообраќајна несреќа на 29 јануари 2020-та. Лазар Лечиќ и Светислав Пешиќ се само дел од легендите кои сведочат за легендата на КК Работнички. Се вика „Среќна 13-ка“ и премиеро ќе оди на МТВ 1 во сабота од 20:50.

Многу си мал да ме чуваш

Во дербито на вечерта, Милвоки Бакс на крилјата на лудиот Јанис Адетокумпо ја оствари и третата победа од почеток на сезоната. Го совладаа Бруклин Нетс 110-99. Јанис збесна со 43 поени, 14 скока и 5 асистенции. Во еден момент на еден од лидерите на Нетси, Бен Симонс му гестукилраше дека е премногу мал да го чува.

Од висок лет до тежок пад: Шпанија со само еден клуб во 1/8 финале првпат после 19 години

Синхронизирано во средата вечер од Лига на шампиони испаднаа и Атлетико Мадрид и Барселона. Првиве на неверојатен начин откако промашија пенал во 90+5’ минута а од двете одбиени топки едната удри во пречка а другата ја извади нивен играч од гол линија, а вторите уште пред да почнат дуел со Баерн Минхен.

Шекил О’Нил и Чарлс Баркли за Сатја и Македонија

Македонскиот а светски признат уметник Сатја Грабулоски (внук на легендарниот скулптор Јордан Грабулоски - Грабул чие славно дело е споменикот Македониум во Крушево), веќе десетина година прави патики за светските и регионални ѕвезди. Сатја требал да прави патики за Коби Брајант но дента кога стигнал во Лос Анџелес се случила хеликоптерската несреќа во која загина култниот кошаркар и еден од најдобрите на светот.

Навивачите на Атлетико и Барса за пример

За прв пат во 21 век, Шпанија ќе има само еден претставник во нокаут фазата од Лига на шампиони, а тоа е бранителот на титулата Реал Мадрид. Без разлика на горчината која ја имаат навивачите на Атлетико и Барселона кои не се навикнати на волку рана елиминација, тие сепак останаа блиску до играчите и ги повикаа под трибина за да им дадат буст.

Авионот на Порто се тресеше кога Атлетико го утна пеналот во судиско

Момците на Серџо Консеисао играа во терминот од 18:45 и кога се местеа за полетување после победата од 0:4 проитив Клуб Бриж, тогаш се случуваше драмата во Мадрид која ја следеа на телефони. Кога Караско промаши беа во делириум, бидејќи во тој момент и математички станаа осминафиналисти.

ВАР драмите во Лондон и Мадрид во 99 минута со невиден крај

На средбите Атлетико Мадрид - Баер Леверкузен и Тотенхен - Спортинг се играше скоро 100 минути фудбал. Коментаторите на мултипреносот на Арена спорт се мрднаа и не можеа да ги пофатат двете лудачки завршници.

Баерн на екскурзија на „Камп Ноу“, Левандовски и Барселона ќе играат Лига Европа

Откако пред мечот се дозна дека Барселона нема никакви шанси за пласман во осминафинале затоа што Интер рутински го совлада Плзен, Баерн Минхен полесно од очекувањата го освои „Камп Ноу“ и ја забележа шестата победа по ред над Барса. Наполи фуриозен, 73 минути за Елмас.

Капитенот на Хајдук со паненка шутна преку гол

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски го претрпе и седмиот пораз како тренер на хрватска Горица. Овојпат од големиот фаворит Хајдук во Сплит. Гостите имаа 1-1 на полувреме, ама во вториот дел по големи грешки примија уште два гола. Марко Ливаја, капитенот на Хајдук даде два погодоци, еден од пенал, ама и промаши еден пенал во финишот. Глумеше мангуп ама се посрамоти.

Нуњез промаши нешто што не се промашува, па се извади

Ливерпул после 50-ина минути игра до врв со три гола ја наполни мрежата на Ајакс. Прво Мо Салах го отвори резултатот во 42' минута, Дарвин Нуњез седум минути подоцна ја дуплираше предноста а Харви Елиот зголеми на 0-3. Ама Ургуваецот како да го следи некој баксуз па по којзнае кој пат сезонава се бламира со чудни утки.