Offside

Дербито на Италија понуди спектакл во 3. коло од Серија А со 7 гола. Јувентус го совлада Интер со 4:3 и тоа со деби гол на Василије Аџиќ, дете родено 2006-та. Гостите имаа предност од 2:3 до 76 минута со двата прекрасни погодока на Чалханоглу и еден на Маркус Турам. Но, во 82-ра минута резултатот го израмни брат му Хефрен Турам, а потоа финишот во 91-ва минута беше лудило.

Бекам ли е, Хари ли е?

Очајниот Манчестер Јунајтед сезонава во Премиер лига е многу блиску до финале во Лига Европа. Со три комада уште во прво полувреме, победи 0:3 на многу тешко гостување во полуфинале против Атлетик Билбао. Два даде Бруно Фернандеш и еден Каземиро. Цел Твитер е полн со Хари Мегваер и она што го одигра по крило за првиот гол. Бруно е најјак, на Инстаграм му го оставил следниов коментар: Харолдињо.

Јамал дробел уште на 12 години

И после ќе се чудиме за ова што го прави сега на 17. Во клип од 1 минута сè ќе ви стане јасно.

Баркли: Лука ќе потпишува договор од 300-400 милиони, а не може ни стол да чува

Минесота Тимбервулвс го збриша Лос Анџелер Лејкерс со 4:1 во првата рунда од плејофот. Чарлс Баркли со остра критика за играта во одбрана на Дончиќ: „Тој е елитен играч кој се спрема да потпише договор вреден 300-400 милиони долари. Како прво мораш да се вратиш во форма за да ги заслужиш тие пари. Лука не може да чува никого, па дури ни својот стол. Мора да научи да игра одбрана“, рече Баркли.

Топ 5 играчи во НБА според Јокиќ

Тешко прашање за Никола Јокиќ. Требаше да одбере најдобра петорка во НБА, но наброи 8 играчи.

Спектакл во Барселона, Интер јуначки во Каталонија

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Кореографијата на Арсенал од Тему да не ја нарачале?

Стигаат до полуфинале во Лига на шампиони после 16 години и вадат кореографија како да е ова пријателска против Свонси, 1940-та.

Говорот на Стоичков во соблекувалната на Македонија

Фудбалот и хуманоста победија во Варна. ФФМ објави видео од атмосферата во соблекувална пред пријателската меѓу легендите на Бугарија и Македонија. Ѓоко Хаџиевски му се заблагодари на Христо Стоичков за организацијата, а поранешниот ас на Барселона рече: „Политика нас не не интересира. Ние сме биле пријатели како на теренот, така и надвор и ќе останете пријатели цел живот. Ние сме браќа, тоа е она што е најважно за мене“.

Како Ханси Флик направи чудо со Барселона?

Ханс-Дитер Флик ја презема Барселона кога други бегаа и се криеа од управувачкиот хаос кој владееше на „Камп Ноу“. Прогнозерите и предвидуваа на Барселона втора сезона без титула. И покрај тоа, Барса во моментов е најјака европска екипа, освои два трофеи до мај месец и се бори за уште два!

Антиќ: Томица е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија

По шест години, Перо Антиќ се одјавува од функцијата прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија. На неговиот наследник му дава апсолутна поддршка.

Луда прослава - Шарунас Јасикевичиус го фрлија во џакузи

Легендарниот литвански кошаркар сега со голем успех го води Фенербахче. Турскиот гигант се пласира на нов завршен турнир за титулата во Евролига откако во четвртфинале го испраши Париз со 3-0 во серијата. Синоќа на гости во Франција Фенербахче славеше 88-98 а играчите при прославата го прскаа Јасикевичиус со шампањско и го фрлија во џакузи.

Во Црна Гора пак падна автогол-пишијада

Во Црна Гора често има многу смешни голови и автоголови, а таков еден сега падна и од 31. коло од црногорската Прва лига на мечот меѓу Отрант Улцињ и Јединство Бијело Поље кој завршил 2:2. Овие две екипи се борат за опстанок. Отрант е на последно место со 28 бода а Јединство е на осмо место кое води во баражот за опстанок и има 35 освоени бода.

Клоп 2024 vs Слот 2025

Едниот го најави другиот на заминување. Другиот ја заврши мисијата успешно и му возврати. Господски потег и на двајцата.

Нејмар дерман нема откако шамани му правеа магија

Пред речиси секој домашен натпревар на Перу во квалификациите за Светско првенство или за Копа Америка, група шамани прават некаков си ритуал против најдобрите противнички фудбалери. Еднаш правеа „ху-баба-ху“ преку слики на Нејмар. Од тогаш славниот Бразилец пропуштил 527 дена надвор од терените за клуб и репрезентација поради разни повреди.

Богдан му се пушти на Вестбрук

Денвер Нагетс конечно заигра во свој стил и со убедлива предност во текот на целиот меч, на крајот заслужено го совлада ЛА Клиперс. Сега е 3-2 во серијата и Нагетс ги дели само еден триумф од полуфинале на Западот. Јокиќ имаше трипл-дабл, Џамал Мареј постигна 43 поени, а Богдан Богдановиќ пред крајот на третиот период се закачна со Расел Вестбрук кој му дофрлаше нешто додека овој се спремаше да изведе слободни фрлања.

Очаен шут и очајна глума на Мартинели

Ако треба да се издвои најслаб играч на првото полуфинале од ЛШ меѓу Арсенал и ПСЖ, тоа сигурно е Габриел Мартинели. 0 голови, 0 асистенции, 0 дриблинзи, две големи шанси, една глума и еден шут во небо.

Таткото на ѕвездата на Индијана се посрамоти пред цела НБА

Синоќа во Индијана се одигра најлудиот натпревар во досегашниот тек од НБА доигрувањето за титула. Во спектакуларна завршница во салата „Гејнбриџ Филдхаус“ домаќинот Индијана Пејсерс после луд пресврт во продолженија славеа 119:118 и со 4-1 го елиминираа Милвоки Бакс и Јанис Антетокумбо.

Никола Јокиќ до трипл-дабл, а Мареј конечно експлодираше

Кошаркарите на Денвер Нагетс успешно го одиграа петтиот натпревар од серијата против ЛА Клиперс, славеа 131:115 и сега се на чекор од пласман во полуфинале на Западот.

Трите 100% шанси на ПСЖ

Донарума на два пати вечерва го спасуваше ПСЖ да не прими гол, но и на другата страна се редеа чисти шанси за гол. Дезире Дуе, Бредли Баркола и Гонзало Рамос ги имаа најзрелите за тимот на Луис Енрике.

Двете извонредни интервенции на Донарума

Нова перфектна партија на Џанлуиџи Донарума кој на Емирати блесна без примен гол. Имаше пет одбрани против Арсенал, од кои две клучни во дуел со Мартинели и Тросард. Чисти голови спаси. Јунак.

ПСЖ го освои Лондон и се доближи до финалето

Шампионот на Франција оствари голема победа на Емирати и со минимална предност влегува во реванш полуфиналето од ЛШ, кое се игра веќе следната недела.

Наполитанците грла оставаат за Шкотланѓанецот кој е хит на Сан Паоло

По 9 сезони во Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј, од нигде никаде заврши во Серија А. Не е напаѓач, а има 12 гола и решава многу натпревари за Наполи. Не се штедат навивачите кога треба да се викне силно за него.

Комити за Кочани

Најверната навивачка група на Вардар низ разни акции успеа да собере 735.200 денари или 12.000 помош за настраданите во Кочани, што е сум за поздрав. На хуманитарниот меч против Црвена Ѕвезда беа во огромна бројка и се заблагодарија на јазиците на сите земји што ни помогнаа за Кочани.