РОДЕН ВО ШПАНИЈА, РАСНЕЛ ВО БЕЛГИЈА, ИГРАШЕ ВО ХОЛАНДИЈА
Исмаел се родил близу Барселона но на шест години се преселил со семејството во Белгија откако Шпанија ја погодила финансиска криза. Неговите родители татко му Хасан и мајка му Фатима во Европа дошле во '90-те години. Саибари често одел во Мароко со неговите кај нивните роднини.
Највеќе од сите на него влијаел неговиот постар брат Акрам. Тие заедно поминувале многу време. Акрам исто играл фудбал но аматерски а сега игра епизодни улоги во телевизиски серии.

Саибари за себе вели дека е среќно момче кое ништо не му недостигало во детството. Родителите му помагале во се: на пример му нашле стан кога тој на 16 години почнал сериозно да игра фудбал во системот на Андерлехт каде дошол од Мехелен. Исмаел таму поминал една година а потоа се преселил во Генк.
Во 2020-та година кога наполнил 19 години направи голем трансфер, клучен чекор во кариерата - потпиша со ПСВ Ајндховен кој за него дал 200.000 евра.
Исмаел прво станал главен играч во втората екипа а во 2022-ра го прекомандувале во првата. За две сезони стана главна ѕвезда на ПСВ. Сезонава имаше 19 гола и 9 асистенции на 37 натпревари.

Холандската фудбалска федерација не покажала интерес за него но затоа Белгија во целост тргнала по негов ангажман. Во летото 2022-ра селекторот Роберто Мартинез сакал да го види во составот за Светското првенство во Катар. Но Саибари одбил, тој веќе чувствувал силна врска со татковината односно земјата на неговите родители Мароко.
На тоа Светско 2022 не отиде но затоа во 2025-та стана стандарден репрезентативец на Мароко. А сега е главна ѕвезда.

На фамозното финале на Купот на Африка меѓу Мароко и Сенегал тој се посрамоти откако учествуваше во грабањето на пешкирите на голманто на Сенегал Едуар Менди заедно со децата кои фаќаат топки. Целата фудбалска јавност го критикуваше и го нападна но тоа на него не се одрази. Тој пролетва и летово е главен играч на Мароканците.
На Светсково првенство веќе има 3 гола и тоа против Бразил, Шкотска и Хаити. А го постигна и решавачкиот пенал против Холандија за пласман во осминафинале каде ќе играат против Канада.
НА ПРАГОТ ОД БАЕРН МИНХЕН
Симболично сезонава Исмаел Салибари постигна гол во Лига на шампиони за ПСВ Ајндховен токму против Баерн Минхен. Холандскиот шампион тогаш изгуби 1-2 но Исмаел остави силен впечаток.
Баварците кои собираат се што е најдобро од Холандија, Германија и Белгија, летово планираат да го откупат договорот на Саибари и да платат повеќе од 50 милиони евра колку што првично барале од ПСВ Ајндховен.
Исмаел исто сака во Баерн Минхен а на трансферот инсистира тренерот Венсан Компани кому му треба таков универзален играч во средниот ред кој може да игра и како крилен напаѓач но и на позиција 10.