ОД КАДЕ МИТОТ ДЕКА ИМА ШЕСТ ПРСТИ НА ЕДНА РАКА?
Се почнало на празникот на „Денот на лудите“ кој во Мексико се одржува на 28 декември. Овој ден е сличен на први април во другите земји: ден на шегата и разни мајтапи.
Во 2010-та година на социјалните мрежи се појавила фотошопирана фотографија на која Мемо Очоа има шест прсти.
На блогот на сајтот Mexico.worldcupblog.org: пишале дека поради полидактилија или многупрстеност, на Очоа му пропаднал трансфер во англискиот премиерлигаш Фулам.
Целата објава гласела:
„Мемо Очоа беше близок до трансфер во Фулам, остана уште да ги потпише само документите, но во последен момент трансферот го блокирала Фудбалската асоцијација на Англија. Се поради шестиот прст на едната рака на Меме Очоа.
Очоа има полидактилија или одвишок прст. Малку познат факт е дека тоа му го спречиле трансферот во лондонскито клуб. Очоа има шест прсти на десната рака поради што брани во посебна ракавица произведена од Најк. Фулам бил должен да го регистрира во Фудбалската федеација на Англија а од таму изјавиле дека користење таква ракавица е спротивно на правилата зошто поради поголем размер таа ракавица му дава предност на Очоа во однос на противникот.

Тој би можел да игра во Премиер лига само ако би споил два прсти заедно и би облекол обична ракавица. Според зборовите на Очоа во минатото тоа му било многу тешко и му ги ограничувало можностите да ја одбива и фрла топката со десната рака а тој е деснак.
Но пропаднатиот трансфер во Фулам би можел да му биде добра прилика зошто во другите европски лиги нема такви строги ограничувања за голмански ракавици. На пример во Шпанија Очоа може да брани а за него се заинтересирани Атлетико, Севиља и Депортиво“.
Оваа приказна за мексиканскиот ден на шегата била толку убедлива што повеќето читатели немале појма какви се правилата за голман со полидактилија. И дали навистина има такви посебни ракавици.
Во приказната немало ниту збор вистина. Се било измислица и лага.
Оваа вест ја пренеле и навивачки форуми и блогови на Фулам.
МЕМЕ ОЧОА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ ВО 2014-ТА
Нов бран вести со мексиканскиот голман кој дебитираше во сениорски фудбал во 2004-та година, стигнаа 10 години подоцна. На мечот против домаќинот на Светското првенство Бразил, Мексико извади нерешено а главен јунак беше токму Меме Очоа кој бранеше чудесно на голот.
ДАЛИ МАЈТАПОТ СО ШЕСТЕ ПРСТА НАВИСТИНА МУ БЛОКИРАЛ ТРАНСФЕР?
Веќе заборавената приказна за шест прста на десната рака на почетокот на мај повторно ја раскажал поранешниот одбранбен фудбалер на Мексико Пауло Агиљар во емисијата La Última Palabra.
„Тој можеше да премине во ПСЖ но се пропадна поради ракавицата со шест прсти. Вие веројатно сте ја виделе сликата на која има прст повеќе“.
Но по емисијата станало јасно дека на Очоа му пропаднал трансфер но не во ПСЖ, Агилар го згрешил клубот туку во Олимпијакос и тоа поради пад на допинг тест.
„Во Грција активно имаше гласини кога бев близок до трансфер во Олимпијакос, тоа беше 28-ми декември, мексиканскиот аналог на 1 април. На тој ден новинарите се шегуваат и измислуваат приказни. Една од нив беше за тоа дека јас имам шест прсти на една рака. Во Мексико сите се смееја и сфатија дека е шега но во Грција сериозно му пристапиле на тоа прашање. И така се роди легендата“, раскажал легендарниот голман.

Но постепено митото му станал дел од животот. Ако после 2010-та година тоа била шега, после неколку години веќе многумина не се сомневале. Очоа бранеше за неколку познати европски клубови.
А за пропаднатите трансфери голманот еднаш рекол:
„Имав само еден проблем: пасошот. Уште пред три години бев играч надвор од Европскиот сојуз (во 2020-та добил шпанско државјанство), а топ клубовите не бираа голмани од Европа. Тие претпочитаа да остават место за напаѓач иако секогаш имаше заинтересирани за мене“, рекол Очоа пред шест години во интервју за Кориере дела Сера.
А потоа снимил и видео каде ги покажал сите свои пет прсти и конечно го разурнал митот.