Во 03 часот после полноќ ќе играат домаќинот Мексико и Еквадор во борба за пласман во осминафинале на Светското првенство. Мексиканските навивачи по примерот на некои европски „колеги“ дошле до хотелот на репрезентацијата на Еквадор и со силни трубења и сирени од возилата не ги оставале да спијат. Добро е што огномети не им грмеле.